Воспитување на децата денес и порано - што е променето?

Во последниве години, односот помеѓу родителите и децата значително се промени. 

vospituvanje-deca-denes-i-porano-sto-se-smenilo-001.jpg

Првенствено се промени перспективата на родителството, а како резултат на тоа, се зголеми бројот на родители кои се одлучуваат за само едно или две деца.

Покрај тоа, се смени и начинот на кој родителите ги воспитуваат своите деца.

Кои се разликите помеѓу родителството денес и родителството порано?

Различни стилови на воспитување

Покрај јасни и авторитативни упатства, утврдени од професионалци за грижа за деца, родителите добиваат многу различни совети за нови стилови на родителство.

Без разлика дали сте мирен или строг родител, секој стил на воспитување има свои предности и недостатоци, па затоа би било најдобро да ги комбинирате . Но сите знаеме дека теоријата е едно, а праксата друго.

Заедно со различните стилови на воспитување родителите добиваат и голем број на противречни совети за тоа дали е неопходно да се фокусираме на достигнувањата на детето или да му обезбедиме доволно слободно време за да го истражува сопственото опкружување.

Во исто време, родителите станаа многу почувствителни за ризиците со кои се соочуваат нивните деца, без оглед дали се работи за физички или психолошки потенцијални опасности.

Според тоа, вознемиреноста стана заштитен знак на модерното родителство. Дури и пред да се роди бебето, се спроведуваат разни пренатални тестови. Факт е дека во минатото многу од овие методи не биле достапни, што исто така им овозможи на повеќето родители да немаат нереални стравови.

Родителски страв и воспитување под стаклено ѕвоно

Откривањето на родителските стравови првенствено е насочено кон ризиците поврзани со чести киднапирања на деца, како и опасностите од насилство, нездрава храна и слично. Исто така, важно е да се потенцира дека за многу нереални стравови се одговорни и медиумите.

Децата денес се одгледуваат во бројни затворени простори, со зголемен надзор.

Подеднакво е важно да се нагласи големата промена во очекувањата на родителите. Поточно, родителите претходно очекувале дека нивните деца ќе ги сакаат, а денес е спротивно. Родителите сакаат да ги натераат децата да ги сакаат, да бидат среќни и никогаш да не им е здодевно.

Финансиска сигурност и родителство

Можеби најголемата промена во односите на родителите и децата секако лежи во загриженоста на родителите за финансиската сигурност на своите деца. Бидејќи економијата станува поконкурентна многу родители се стремат да им ги обезбедат на своите деца материјалните придобивки.

Како резултат на тоа, повеќе време и ресурси се вложуваат во збогатување, поради што често родителите немаат време за читање на приказни, разговор и играње со своите деца.

Покрај тоа, воспитувањето денес не запира кога детето има 18 или 21 година. Повеќето родители престанаа да го очекуваат тоа. Имено, денес родителството е активно и во 30-ите години на детето.

Многу луѓе дури и во 30-ите години живеат со своите родители и очекуваат нивна помош во сите области од животот.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg