Проблеми во домот и уште 7 причини зошто децата стануваат малтретирачи
Одмазда за малтретирање од порано
Кога децата се жртви на групно малтретирање, тие настојуваат да најдат своја жртва на друго место.
Неретко, децата и тинејџерите кои биле жртви на малтретирање почнуваат да бараат одмазда. Тие сметаат дека постапуваат правилно, па дури чувствуваат и олеснување кога ќе понижат некого.
Често жртвата на овие деца е некој послаб од нив, па сето ова се претвора во бесконечен круг.
Недостаток од емпатија
Некои деца, пак, можат и да уживаат во малтретирањето на другите, само затоа што не чувствуваат емпатија.
Овие деца едноставно не сфаќаат дека ги повредуваат другите. Токму поради ова, важно е да обрнете внимание на емоционалниот развој на вашето дете.
Емпатијата е важна одлика и ќе му помогне на вашето дете да изгради подобри врски во иднина.
Недостаток од внимание
Секое дете има потреба од љубов и внимание од возрасните. Па, кога детето ќе стане „невидливо“, можно е да се развие агресија, која пак ќе резултира со малтретирање.
Сето ова се претвора во игра каде што детето само бара внимание и признание од родителите. Но, тоа не знае како да го направи тоа, па можно е да почне со малтретирање.
Стереотипи и предрасуди
Малтретирањето врз основа на стереотипи и предрасуди може да се случи секаде. Децата се соочуваат со вакво малтретирање на училиште, на интернет, во кафетерија…
Ова малтретирање потекнува од верувањето дека некои групи луѓе треба да бидат третирани поразлично. Па, важно е да го научите вашето дете дека сите се еднакви, без разлика од каде доаѓаат.
Спирова С. | Црнобело