Проблеми во домот и уште 7 причини зошто децата стануваат малтретирачи
Изгледа дека малтретирањето на училиште станува сè поголем проблем. Децата на возраст помеѓу 6 и 13 години редовно признаваат дека биле жртви на малтретирање, а мнозинството од овие деца се девојчиња.
Ова е проблем што дефинитивно бара внимание, но најпрво треба да се открие неговиот корен. Односно, потребно е да се дознае зошто некои деца стануваат сурови кон своите врсници и соученици.
Бидејќи секое дете може да се најде во оваа улога, задачата на родителите е да знаат што сѐ може да го претвори нивното дете во малтретирач.
Ова се причините зошто децата стануваат малтретирачи:
Проблеми и недоразбирања во домот
Кога домашната околина не е здрава, ова претставува опасност за детето. Децата кои биле малтретирани од членовите на нивното семејство, имаат поголеми шанси и самите да малтретираат и да покажат агресија и насилство.
Неретко, детето станува малтретирач бидејќи ова му дава некакво чувство на контрола - нешто што го нема во неговиот дом. Ниската самодоверба може да предизвика длабока желба за контролирање на другите.
Популарност и социјален статус
Сигурно сте изгледале барем еден филм во кој има популарни тинејџери што ги малтретираат другите. Иако изгледа како ова да го прават од забава, сепак целта им е покажување на нивниот социјален статус.
Популарноста можеби дава моќ, но доаѓа со неколку несакани последици. Често, популарноста може да биде причина за ширење гласини и озборување.
Некои истражувања, пак, покажале дека децата кои се во центарот на „социјалната мрежа“ се многу помалку агресивни, за разлика од оние кои се наоѓаат веднаш надвор од центарот.
Поради ова, овие деца почнуваат да малтретираат за да го зацврстат нивниот статус.
Знак на слабост
Некои истражувачи сметаат дека децата не се агресивни и не пробуваат да ги малтретираат другите, бидејќи немаат потреба од тоа. Односно, се чувствуваат удобно со нивната положба во групата и не им е страв дека ќе ја изгубат титулата „лидер“ или слично.
Но, кога децата почнуваат да се однесуваат агресивно, тоа може да биде и знак на слабост. Овие деца се несигурни за нивното место во групата, па го користат малтретирањето за да ја скријат својата слабост.
Притисок од другите деца
Ние сме социјални суштества и секогаш се обидуваме да се вклопиме во некоја група. Па, понекогаш за децата изгледа подобро да малтретираат како и другите, наместо да станат следната жртва.
Притисокот од врсниците може да стане навистина силен, па децата се чувствуваат како да немаат друг избор. Поради ова, почнуваат да го малтретираат слабото дете, кое наводно не ѝ припаѓа на групата.