Како да бидеш подобар партнер кога си родител - Отворено писмо на еден татко до неговата 24-годишна верзија

Кога ќе станете родител, по пат ќе научите многу нешта. А тогаш, сигурно ќе посакате да се вратите во времето и да си кажете што и како треба да правите. Сепак, тоа би ви го направило животот многу полесен.

kako-da-bidesh-dobar-partner-koga-si-roditel-otvoreno-pismo-na-eden-tatko-do-negovata-24-godishna-verzija-01.jpg

Вака размислувал и Тод Гондер, кој е татко на три деца. Тој решил да си напише отворено писмо до неговата 24-годишна верзија, за тоа како да биде подобар партнер за неговата сопруга во фазата на родителството.

kako-da-bidesh-dobar-partner-koga-si-roditel-otvoreno-pismo-na-eden-tatko-do-negovata-24-godishna-verzija-02.jpg

Неговата објава веднаш станала хит и досега има над 56.000 споделувања на Facebook.

„Сега имам 29 години и 3 деца со мојата сопруга Франциска, која ги носеше и ги роди како професионалец. Еве што би ѝ кажал на мојата 24-годишна верзија, за тоа како да биде добар партнер во фазата ‘станување родител’“, стои во неговата објава.

kako-da-bidesh-dobar-partner-koga-si-roditel-otvoreno-pismo-na-eden-tatko-do-negovata-24-godishna-verzija-03.jpg

Ова се правилата на Тод:

1. Сопругата го носела бебето ВО нејзиниот стомак 9 месеци. Па, ти ќе го носиш бебето НА твојот стомак 9 месеци, секогаш кога ќе имаш можност. Ова не само што ќе ѝ помогне да се оправи, туку ќе те поврзи со твоето дете повеќе од што можеш да замислиш.

2. Сопругата дои и додека ова е убаво и исполнувачко за неа, сепак е заморно. Па, смени ја СЕКОЈА пелена што можеш. Од првата пелена натаму. Брзо ќе го надминеш гадењето. И ќе ги избегнеш нерамнотежата и замерките во врската. Всушност, додека сите пријателки на сопругата ќе се жалат за тоа што нивните сопрузи не им помагаат, твојата сопруга ќе се фали за тебе.

3. Секое утро прави ѝ безкофеинско кафе. Дури и ако го остави да се излади и заборави да го испие бидејќи заспала. Таа била будна цела вечер за да го храни детето, па помогни ѝ да го започне денот на убав начин.

kako-da-bidesh-dobar-partner-koga-si-roditel-otvoreno-pismo-na-eden-tatko-do-negovata-24-godishna-verzija-04.jpg

4. Кажувај ѝ дека е убава и помогни ѝ да го види тоа во моментите кога се критикува најмногу и кога се чувствува безнадежно. Потсети ја на моментите кога ги постигнала нејзините цели. Потсети ја дека е суперхерој. Таа буквално ги помрднала нејзините органи и се здебелила 20 килограми за да ти подари дете. Помогни ѝ да ги надмине проблемите со нејзиното тело и да остане фокусирана на позитивна цел.

5. Прифати го ударот. Хормоните се луди, и пред и после породување. Нема да биде своја секој ден и понекогаш ќе кажува нешта што не би ги кажала. Не заборавај дека твојата задача е да бидеш нејзина карпа низ сето ова. Па, стисни заби и не ја заборавај перспективата кога зборува лошо. Набрзо ќе се врати во нормала и ќе сакаш да ти биде благодарна што си издржал кога ѝ било лошо.

Извор

Би можело да ве интересира:

Вирална објава на една мајка: „Потрудете се да бидете добар брачен партнер, а не само добар родител“ „Потрудете се бракот да ви биде исто толкав приоритет, како што ви е улогата на ...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
До бабите и дедото што откажуваат планови и ни го чуваат детето како свое – ви благодарам Писмо до нашите родители - до бабите кои скришно ги откажуваат закажаните планов...
25 позитивни фрази кои секој родител треба да им ги кажува на децата пред спиење „Раскажи ми за својот ден, сакам да слушнам како си помина“, „Ме расположуваш се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg