Неверојатна упорност - После 10 синови, една мајка конечно родила ќерка

Синовите се вистински дар за секоја мајка, но да бидете единствената жена во семејството може да биде вистински предизвик.

neverojatna-prikazna-posle-10-sinovi-edna-majka-konechno-rodila-kjerka-01.jpg

Ова најдобро го знае една жена од Англија, која после десет синови, конечно родила ќерка.

Минатиот Божиќ, Алексис Брет се сомневала дека е бремена, а откако направила тест, сомнежите се потврдиле.

View this post on Instagram

A post shared by A L E X I S B R E T T (@mrsbrett79)

Таа и нејзиниот сопруг Дејвид веќе имале 10 машки деца и биле сигурни дека и овој пат ќе имаат момче, но сепак решиле да го проверат полот на детето.

Парот бил навистина нервозен пред да ги добие резултатите, но кога сфатиле дека конечно ќе имаат ќерка, на нивната среќа ѝ немало крај.

Алексис изјавила дека биле шокирани, но пресреќни. И таа и Дејвид би сакале уште еден син, но на Алексис ѝ се допаѓа што повеќе не е единственото женско во семејството.

View this post on Instagram

A post shared by A L E X I S B R E T T (@mrsbrett79)

Ќерката се родила на 27-ми август и ја крстиле Камерон, по актерката Камерон Диаз. Разликата помеѓу девојчето и нејзиниот најстар брат е цели 16 години.

На шега, Алексис изјавила дека сега дефинитивно ќе престанат да го прошируваат семејството, бидејќи засега им се допаѓа онака како што е.

Родителите забележале дека нивните деца многу подобро се однесуваат со нивната мала сестричка. Секогаш се обидувале да бидат тивки за да не ја разбудат и сакале да помагаат во грижата за неа.

Наводно, парот воопшто не с обидувале да има ќерка, а Камерон не била ни планирана, но ова не значи дека не ги усреќила нејзините родители.

Алексис никогаш не планирала да има големо семејство, најверојатно бидејќи била дете единец, но сега кога сака нејзиното семејство онакво какво што е.

Неретко, парот бил осудуван поради многуте деца, но со текот на времето, се навикнале и на ова.

Пред 6 години, Дејвид бил дијагностициран со рана фаза на Паркинсонова болест, но успешно ги контролира симптомите со лекарства. Истовремено, тој е итатко за пример бидејќи и покрај обврските на работа, секогаш наоѓа време за неговите деца.

Алексис е онаа што останува дома со децата додека Дејвид е на работа, и дефинитивно има полни раце работа.

Секоја недела таа ја вклучува пералната 49 пати, чисти со правосмукалка секој ден, а како ова да е малку, таа е и фитнес инструктор неколку пати неделно.

Семејството пазарува два пати неделно за храна, а секој ден Алексис оди до продавница за млеко и леб.

Засега, Камерон спие во спалната на нејзините родители, но штом еден од браќата ќе се пресели, таа ќе добие нејзина соба.

Иако понекогаш им е тесно во домот, Алексис навистина го сака нејзиното семејство и не може да си го замисли поинаку.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg