Како се менува животот по смртта на родителите и како да се справите со тоа?

Ќе научите да ги прифатите нивните грешки

Кога ќе ги изгубите родителите, ќе можете подлабоко да ги разгледате нивните карактери.

Ќе ги разберете нивните грешки и ќе сфатите дека речиси секогаш имало причина за нив.

Најважно од сè, ќе можете да им простите за грешките и ќе ги сакате онакви какви што сте.

kako-se-menuva-zhivotot-po-smrtta-na-roditelite-i-kako-da-se-spravite-so-toa-04.jpg

Празниците повеќе нема да бидат исти

Најверојатно, поголемиот дел од празниците сте го минувале со родителите. Тие ви покажале како да прославувате и овие прослави можеби станале традиција.

Па, кога ќе ги нема, празниците нема да бидат исти. Навистина ќе го чувствувате нивното отсуство и ќе бидете преплавени од сеќавања од нив.

Ќе научите да живеете со болката

Без разлика колку брзо ќе ви помине тагата, без разлика што сте научиле да се справувате со болката, нивното отсуство нема да биде незабележано. Засекогаш ќе имате дупка во вашето срце, но со текот на времето, ќе научите да живеете со болката.

kako-se-menuva-zhivotot-po-smrtta-na-roditelite-i-kako-da-se-spravite-so-toa-05.jpg

Ќе сфатите што значи вистинската безусловна љубов

Љубовта што родителите им ја покажуваат на децата е безусловна и не може да се спореди со ништо.

Вашите родители биле личностите кои би направиле буквално сè за вас, без да очекуваат нешто за возврат.

Токму оваа љубов ќе ве научи да сакате искрено и безусловно.

Како да се справите со смртта на родителите?

Со сите овие промени, може да биде вистински предизвик нормално да продолжите со вашиот живот.

Сè додека вашите родители се живи, вие се гледате како деца. Но, откако ќе ги изгубите, ќе почнете да ја менувате ваша перспектива. На почетокот можно е да се чувствувате и како сираче, но со текот на времето ќе се помирите.

Сепак, ова не значи дека не треба да се обидете да си ја подобрите состојбата.

На пример, од помош можат да ви бидат некои ритуали. Можете да посетите некое место што ве потсетува на родителите и таму да минувате време. Исто од помош ќе ви биде ако се обидете да направите албум со фотографии од вашите родители, или нешто слично по коешто ќе ги помните.

Некои експерти сметаат дека и „онлајн тагувањето“ може да биде од помош. Односно, веројатно ќе се чувствувате подобро ако објавите фотографија од починатиот родител на некоја од социјалните мрежи.

kako-se-menuva-zhivotot-po-smrtta-na-roditelite-i-kako-da-se-spravite-so-toa-06.jpg

На овој начин и вашите онлајн пријатели ќе ви покажат сочувство, па ќе се чувствувате колку-толку подобро.

Доколку сепак не можете самите да се справите со загубата, важно е да побарате помош.

Тагувањето за смртта на родителите е нормално, но не смеете да дозволите да се претвори во нешто сериозно, како на пример, депресија.

Во овој случај сигурно ќе ви помогне разговор со психијатар.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Ранко Рајовиќ ги разлути родителите: „Штом детето наполни 2 години, заборавете на количката“ „Би возела и кукла во количката, само да не влечкам ќеси“ – му одговори една жен...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg