Таткото ја оставил сама 3-годишната ќеркичка на 10 минути - таа изела 18 овошни јогурти

Додека нејзиниот татко работел во градината, малечкото девојче за 10 минути успеало да отвори и изеде 18 овошни јогурти.

tatkoto-ja-ostavil-3-godishnata-kjerkichka-na-10-minuti-taa-izela-18-ovoshni-jogurti-01.jpg

27-годишниот Арон работел во градината 10-тина минути, а во домот ги оставил двете деца да си играат.

Тој на одреден период влегувал да ги провери децата – Оливиа гледала телевизија во кујна, а нејзиниот брат Оскар (6) играл видео игри во дневната соба.

Оскар еднаш го предупредил неговиот татко дека Оливиа јаде јогурт, но Арон му рекол да не се грижи бидејќи таа често знае сама да си отвори еден јогурт и да си го изеде.

tatkoto-ja-ostavil-3-godishnata-kjerkichka-na-10-minuti-taa-izela-18-ovoshni-jogurti-02.jpg

Но, кога 10 минути подоцна таткото влегол во кујната, сфатил дека ќеркичката не изела 1 јогурт, туку ја испразнила цела залиха од фрижидерот.

„Кога ја видов на маса со 18 празни јогурти, ја прашав дали ги изела сите, а таа гордо одговори ‘дa’. Беше задоволна што го направила тоа, а јас не можев ни да ја искарам бидејќи беше смешно. Не ми се веруваше, па решив да направам фотографија од овој момент.“ – изјавил таткото чии фотки вирално се проширија.

tatkoto-ja-ostavil-3-godishnata-kjerkichka-na-10-minuti-taa-izela-18-ovoshni-jogurti-03.jpg

tatkoto-ja-ostavil-3-godishnata-kjerkichka-na-10-minuti-taa-izela-18-ovoshni-jogurti-05.jpg

tatkoto-ja-ostavil-3-godishnata-kjerkichka-na-10-minuti-taa-izela-18-ovoshni-jogurti-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
На 40 години конечно сфатив - мама беше во право! На секој мој несмасен обид да се вратам во времето и да поправам сè, мајка ми се...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
Уцена или добар потег: Мајка од Србија е хит на Инстаграм заради пораката што им ја оставила на деца... Дали е во ред на децата да им ја смените лозинката за интернет и да им ја дадете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg