10 болни работи што децата им ги прават на родителите откако ќе пораснат
20% од постарите личности можеби не се во пензија, но 75% од нив имаат барем еден хроничен здравствен проблем.
Никогаш не е доцна да им помогнете на постарите луѓе, особено на оние кои ви се блиски.
Откако ќе пораснат, децата несвесно ги повредуваат своите родители со нивните постапки. Поради тоа, добро е да знаете на кој начин им нанесувате болка на вашите родители, за во иднина да можете да го избегнете тоа.
Ги запоставувате родителите
Не заборавајте дека им недостасувате на вашите родители, дека сте им потребни и дека тие секогаш сакаат да минуваат време со вас.
Ако го однесете родителот во дом за стари лица и едвај го посетувате, тој сигурно ќе се чувствува осамено. Па, обидете се барем еднаш неделно да одвоите време за вашите родители.
Кажувате погрешни нешта
Ова се некои од фразите што се навистина болни за родителите:
- Зошто сте ме родиле?
- Никогаш не плаќате за мене.
- Повеќе го/ја сакате брат ми/сестра ми.
- Те мразам.
Замислете си дека сте постари и дека имате возрасно дете. Ако вашето дете ви каже некоја од овие или слична фраза, сигурно ќе ги повреди вашите чувства.
Не сте заинтересирани за нивното здравје
Не сите луѓе се жалат за нивната постојна болка или за некоја нивна болест.
Затоа, одвреме-навреме прашајте ги вашите родители како се и кажете им дека можат да бидат искрени со вас.
Не им помагате финансиски
Не треба да правите вашите родители да се чувствуваат како деца, но понекогаш можете да ги изненадите со малку пари или храна. Ова е мал гест за вас, но вашите родители сигурно ќе го помнат долго.
Ги игнорирате родителите и семејните настани
Понекогаш е тешко да ја одржите врската со вашите родители, но игнорирањето не е најдоброто решение. Особено ако станува збор за семејни настани.
Понекогаш е подобро да се расправате со вашиот родител, наместо целосно да го отстраните од вашиот живот. Подобро разговарајте за проблемите, бидејќи игнорирањето е само привремено решение.