10 болни работи што децата им ги прават на родителите откако ќе пораснат
Не покажувате благодарност
Не треба да заборавите што сè направиле вашите родители за вас. Па, важно е да им покажете колку сте им благодарни.
Криете информации за вас
Вие секогаш ќе бидете дете за вашите родители, па нормално е тие да се грижат за вас.
Кога вашиот родител ќе ве праша што ви е, немојте да криете. Споделете барем дел од вашиот проблем со него.
Понекогаш токму родителот ќе ви помогне да го најдете вистинското решение.
Се нервирате кога треба да повторите нешто
Речиси секој има трпение да повторни нешто неколку пати за колега или странец, но ова трпение како да не постои за родителите.
Вашите родители се постари, па не им замерувајте ако меморијата не им е добра како и порано. Секогаш бидете трпеливи со нив.
Не се грижите за сеќавањата
Фотографиите, видеата и слично можат да ве потсетат на убавите моменти од минатото. Па, понекогаш изгледајте некој албум со вашите родители.
Исто така, ако сте играле некоја игра кога сте биле мали, или ако сте имале некоја традиција, обидете се одново да го направите тоа и да им покажете на родителите дека се сеќавате.
Ги третирате како мали деца
Вашите родители не се деца и дефинитивно имаат повеќе искуство од вас. Можеби сега им е потребна и помош, но дозволете им да бидат независни и не третирајте ги како деца.
Спирова С. | Црнобело