Јухи јухи јеј - почна грејна сезона - време е за board games

Како што се намалува денот се намалуваат и температурите па дружбите пред зграда се сè поретки. 

juhi-juhi-jej-pochna-grejna-sezona-vreme-e-za-board-games-01.jpg

Нашиот тим направи листа на најдобрите indoor игри што може да направат попладнето да помине во добро расположение и без многу ТВ и интернет.

Родителите може да учествуваат во игрите или да бидат помошници и судии или само да подготват овошје, палачинки и други закуски со кои ќе се подобри вкупното искуство.

Па да почнеме од најлесното:

1. Карти! Со деца дури од 3 години веќе можете да играте „Магаре" а како растат и ги препознаваат бројките ќе можете да играте "Џандар збира", па потоа "Макао" (или по ново UNO), па потоа "Табланет" за вежбање брза аритметика. 

2. Отсекогаш омилената - "Монопол“.

3. Под услов да нема лутење - "Не лути се човече".

4. Табла - една од најстарите игри на табла за двајца. Секој играч има петнаесет пулови кои ги движи помеѓу 24 полиња (триаголници) во зависност од фрлањето на двата зара. Целта на играта е еден од играчите да ги „извади“ сите пулови надвор од таблата.

5. Шах - ги развива аналитичките способности кај децата и го поттикнува нивниот здрав натпреварувачки дух. Истовремено ги забавува децата.

juhi-juhi-jej-pochna-grejna-sezona-vreme-e-za-board-games-02.jpg

6. Пикадо - Одлична спортска занимација за целото семејство. Може да учествуваат дури 8 члена во играта.

7. Скриено богатство - Решавањето загатки и потрагите по скриено богатство отсекогаш биле омилени игри на децата. А во потрагата може да се вклучат и најмладите членови на семејството.

8. Фудбал со прсти – земете мало топче, направете импровизирани голчиња на масата и шутирајте голови користејќи ги само прстите. Децата на овој начин развиваат моторика на движењата со рацете.

9. Асоцијации – умствена игра која поттикнува когнитивен развој и логично заклучување кај децата.

juhi-juhi-jej-pochna-grejna-sezona-vreme-e-za-board-games-03.jpg

10. Пантомима – ќе има многу смеење кога мама и тато ќе се обидуваат да објаснат некој предмет со раце и нозе.

11. Х/0 – брза и едноставна занимливост за која ви се потребни само ливче и пенкалце.

12. Бесилка – одлична игра ако децата се на возраст кога ги учат буквите и го збогатуваат вокабуларот.

За време на игрите, музика во позадина може да има само позитивен ефект врз играчите и атмосферата. 

Во изминатите години, детската музичка продукција беше значително збогатена со преработки на стари македонски хитови кои и родителите сакаат да ги слушаат и пеат. Плејлиста со најдобрите изведби од бендот 5+ можете да најдете тука.  

Која е вашата омилена игра и која е вашата омилена песна?

Еве ја нашата:

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Ранко Рајовиќ ги разлути родителите: „Штом детето наполни 2 години, заборавете на количката“ „Би возела и кукла во количката, само да не влечкам ќеси“ – му одговори една жен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg