Три жени споделуваат: Како е да се биде самохрана мајка во 2019-та година?
Како изгледа финансиската и поддршката од саканите?
Лори
Лори добива парична помош од државата, но сепак мора и да работи.
„Имам и луѓе кои можат да ми ги гледаат децата. Имаме заеднички оброци, размена на продукти и групи на мајки. Всушност, се случува да побарам шеќер од соседите.“
Кеси
Кеси не бара поддршка од заедница бидејќи, како што вели самата, морала да биде сама во нејзината ситуација.
„Зборувам со одбрани луѓе. Не сакам многу пријателки кои се мајки, особено ако се жалат.“
Мери
Мери, исто како Кеси и Лори, добива финансиска поддршка од владата. Истовремено, има голема поддршка од семејството и пријателите.
„Моите родители и пријатели се навистина дарежливи со облека и играчки.“
Дали имаат време за состаноци?
Кеси
Кеси смета дека романтичните врски никогаш не ѝ биле јака страна.
Таа била навикната да прави што сака и кога сака, само што сега ја придружуваат и нејзините деца.
„Ако сум во врска, сакам да биде одлична. Не се помирувам со кој било.“
Мери
Мери сè уште оди на спиење со нејзината ќерка, па тешко ѝ е да одвои време за врска.
„Мислам дека би било добро да го споделувам животот со друг личност. Веројатно ако се гледам со некој, тоа ќе биде самохран родител.“
Кој е најдобриот дел од целото искуство?
Да сте самохрана мајка си има и свои предности. Трите жени се согласуваат дека најдоброто нешто е што тие се секогаш главни.
Тие имаат слобода да одлучат каде ќе јадат нивните деца, што ќе прават, кога ќе си легнуваат…
Совети за идните и новите самохрани мајки
Кеси
„Вие бидете си приоритет. Тешко е, но ако сакате вашето дете да биде добро, мора и вие да бидете добро. Грижата за себе е клучна. Одвојте 5 минути во денот за да си ја исчистите главата, без разлика дали со медитација и шолја кафе. Исто така, не се споредувајте со другите.“
Лори
„Не плашете се да прашате или да побарате нешто. Без разлика дали се соседите, пријателите или семејството – овие луѓе ве поддржуваат и ќе ви помогнат.“
Мери
„Не плашете се да побарате помош. Ќе изгубите неколку пријатели, но тоа не е ништо лично. Тоа е бидејќи вие не сте истата личност како претходно. Во еден момент, погледнете од што сте се откажале за да станете родител и размислете дали треба да му се вратите на нешто. Не заборавајте дека сепак сте само човек.“
Спирова С. | Црнобело