Три жени споделуваат: Како е да се биде самохрана мајка во 2019-та година?
Поголемиот дел од самохраните родители се мајки. А, многу од нив ќе ви кажат дека тоа може да биде вистински предизвик.
Тоа што се самохрани мајки, може да влијае врз можноста на жените за вработување, можноста за наоѓање партнер и можноста за создавање нови пријателства.
Три самохрани мајки решиле да го споделат нивното искуство и да ни помогнат да сфатиме како е да се биде самохрана мајка во модерното општество.
Како жените стануваат самохрани мајки?
Лори
Лори има 38 години и е мајка на 8-годишен син и 1-годишна ќерка. Таа е самохран родител веќе 6 години.
Лори се разделила од таткото на нејзиниот син, кога тој имал 2 години. Поранешниот сопруг има дозвола да го посетува, а засега Лори е во врска со таткото на нејзината ќерка.
Сепак, тој живее во Њујорк, а таа во Монтреал, па целата одговорност за децата, вклучувајќи ја и финансиската, ѝ припаѓа неа.
Кеси
Кеси има 33 години и 1-годишен син, и е самохрана мајка речиси 2 години.
Нејзината врска со таткото била кратка, а таа открила дека е бремена откако се разделиле.
Кеси нема никаков контакт со таткото, кој, според неа, одлучил едноставно да не се грижи.
Мери
44-годишната мери има 4-годишна ќерка, а останала сама додека била бремена.
Иако Мери не сака романтична врска со таткото, сакала и тој да се грижи за нивната ќерка. Сепак, тој ретко се ангажирал.
Кои се најголемите предизвици?
Кеси
Кеси смета дека најтешко ѝ е да најде време за себе. Нејзините родители живеат далеку, а не сака да им создава обврски на пријателите за да се грижат за нејзините деца.
Друго нешто што не ѝ се допаѓа е кога гинекологот ја прашувал за името на сопругот. Оваа ѝ сличните ситуации правеле да се чувствува засрамено.
Лори
Кај Лори, најголем проблем е анксиозноста, што прв пат ја почувствувала откако се родила ќерка ѝ.
„Најмногу стрес создава тоа што треба да бидам овде за сите, но и за мене. Уште се справувам со анксиозност, но излегов од маглата од првата година.“
Лори смета дека целото искуство може да ве изолира и да не ви дозволи да одвоите време за себе.
Мери
Мери, пак, смета дека на почетокот била многу цинична, но сега го променила тоа.
Не сака да размислува за тешкотиите и не сака да им дозволи на менталните проблеми да надвладеат.