Децата и технологијата – родителски предизвик на денешницата
Расте бројот на деца кои користат различни електронски уреди, дигитални медиуми и апликации, уште од најрана возраст. Родителите често радосно известуваат дека нивните деца користат технологија дури од една година.
И нема сомнеж, дигиталните медиуми се составен дел од нашиот свет и од светот на нашите деца, а придобивките од овие уреди, доколку се користат умерено и соодветно, може да бидат позитивни и големи.
Но, она што предзивкува загриженост и потенцијален ризик е недостатокот на технички, критички и социјални вештини кај малите деца да расудуваат и заклучуваат правилно, а со тоа и да бидуваат моделирани во развојот од дигатлниот свет. Токму поради тоа, родителите играат важна улога во обликувањето на искуствата на нивните деца од гледањето дигитални содржини.
Направете семеен план за употреба на дигиталните медиуми во вашиот дом. Медиумите треба да работат за вас и во рамките на вашите семејни вредности и стилот на родителство. Кога се користат внимателно и соодветно, медиумите можат да го подобрат секојдневниот живот.
Однесувајте сѐ кон медиумите како кон секое друго опкружување во животот на вашето дете. Истите упатства за родители се применуваат и во реални и во виртуелни средини. Поставете граници; на децата им треба и ги очекуваат. Знајте ги пријатели на вашите деца, и оние преку Интернет и надвор. Знајте што платформи, софтвер и апликации користат, кои страници ги посетуваат и што прават.
Поставете ограничувања за потрошеното време пред екраните. Гледањето секакви ТВ и интернет содржини треба да има разумни граници, а времето поминато надвор на воздух е подеднакво важно.
Создадете технолошки зони во домот. Чувајте ги семејните оброци, други семејни и социјални собири и детските спални соби без влијанието од екраните. Овие промени поттикнуваат повеќе семејно време, поздрави навики во исхраната и подобро спиење.
Содржини за деца - направете добра проценка. Поттикнете ги децата да гледаат содржини наменети за нивната возраст. Таквите содржини го збогатуваат детскиот развој и перцепција, ја стимулираат креативноста и позитивно го обликуваат нивниот карактер. Дајте им предност на локалните содржини за деца, што се забавно- едукативни, го негуваат македонскиот јазик и вашите семејни вредности, како што е долгогодишниот проект Петко и 5+ Фамилија!
Проектот кој прерасна во серија 5+ Фамилија ја најави 5тата сезона со што во етерот пласира 160 епизоди во кои на ненаметлив и педагошки начин се разработуваат теми за насилство, љубомора, пријателство, споделување, екологија, соживот, толеранција, инклузија и други теми блиски до нашите заеднички општествени вредности.
Генерации на деца пораснаа со 5+ Фамилија и стекнаа трајни хуманистички вредности, проектот прерасна во “ветер во едра“ за родителите при воспитување на децата и образовна алатка за наставниот кадар.