Работи што никако не смеете да им ги кажувате на паровите без деца

Некои парови имаат деца без никаков проблем, но за некои ова може да биде вистинска битка.

raboti-shto-nikako-ne-smeete-da-im-gi-kazhuvate-na-parovite-shto-nemaat-deca-01.jpg

Понекогаш, од разни причини, некои парови имаат проблем со зачнувањето. Доколку познавате ваков пар, можеби мислите дека вашите совети ќе им бидат од помош.

Но, вие не сте на нивно место, не ја знаете нивната болка, па не ви е местото да им делите совети.

Следен пат кога ќе разговарате со пар или личност која не може да има деца, немојте никако да ги кажувате следниве работи.

Не прашувајте кога ќе имаат деца и дали „работат“ на тоа

Доколку личноста ви е близок пријател, тогаш сигурно ќе го знаете она што треба да го знаете. Доколку станува збор само за познаник или колега, немојте да поставувате вакви интимни прашања.

Никогаш не знаете која е причината што парот нема деца и не знаете дали можете да ги повредите со тоа прашање.

Не им замерувајте доколку не дојдат на крштева, роденден и слични прослави за вашите деца

Жените кои се борат со неплодност им се радуваат на сите деца. Тие не завидуваат, туку едноставно, овие настани можат да бидат премногу болни за нив.

Можеби ќе присуствуваат на настанот и ќе изгледаат одлично, но сигурно постојано ќе мислат на нивниот проблем.

Па, немојте да им замерувате доколку ја одбијат вашата покана.

raboti-shto-nikako-ne-smeete-da-im-gi-kazhuvate-na-parovite-shto-nemaat-deca-03.jpg

Не им викајте да се опуштат и да престанат да мислат на тоа

Ова можете да ѝ го кажете на жена што се обидува да остане бремена само месец-два. Но доколку е очигледно дека постои некаков медицински проблем, оваа „утеха“ нема да функционира.

Ова е проблем што не може да се реши самиот, па не можете да ја советувате жената да не мисли на тоа.

Не давајте совет ако не ви го побараат

Доколку чајот на вашата баба ѝ помогнал на некоја соседска, не значи дека ќе им помогне на сите жени.

Секој проблем е индивидуален, а штом жената долго се обидува да остане бремена, тогаш сигурно ги пробала и народните лекови.

raboti-shto-nikako-ne-smeete-da-im-gi-kazhuvate-na-parovite-shto-nemaat-deca-02.jpg

Заборавете го изразот „вештачко оплодување“

Овој израз може да звучи многу лошо за мајката што се обидува да остане бремена. Таа сигурно поминала низ стотици понижувачки, па можеби и болни прегледи, примила безброј инјекции само за да има дете.

Па, немојте долгоочекуваната бременост да ја нарекувате вештачка.

Не мешајте се во нивната борба

Некои жени имаат среќа да зачнат уште при првото ин витро оплодување, но за некои се потребни, два, три, па и десет обиди.

Во овој случај, немојте да им велите да се откажат или дека е невозможно да имаат дете. Не сте вие личноста што треба да пресуди за тоа.

Доколку парот сака да има дете, го има секое право да се обидува до крај.

raboti-shto-nikako-ne-smeete-da-im-gi-kazhuvate-na-parovite-shto-nemaat-deca-04.jpg

Не жалете се за вашите деца пред нив

Можеби ова сте го направиле со најдобра намера, но имајте предвид како ќе му звучи на парот кој долго се обидува да има дете.

Овие луѓе би дале сè за да бидат родител како вас, па немојте пред нив да се жалите за вашите деца.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg