Неколку совети што ќе ви помогнат да го направите доењето многу поедноставно

Пијте многу вода

Мајчиното млеко е околу 90% вода, па важно е да останете хидрирани.

Пиењето вода помага и во обновувањето на залихата на млеко.

За мајките доилки се препорачува да пијат околу 12 чаши вода дневно.

nekolku-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-go-napravite-doenjeto-mnogu-poednostavno-07.jpg

За доење во јавност, пробајте го трикот со две блузи

За да го направите доењето во јавност попријатно, ќе ви се најде овој трик. Сè што треба да направите е под блузата да облечете обична маица.

nekolku-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-go-napravite-doenjeto-mnogu-poednostavno-08.jpg

Направете „сладолед“ од вашето млеко

Доколку на вашето малечко му растат заби, замрзнатото мајчино млеко е одлично за намалување на болката.

Ако вашето дете почнало да јаде и тврда храна, пред да го замрзнете, во млекото можете да додадете и овошје како банана, јаболко или круша.

nekolku-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-go-napravite-doenjeto-mnogu-poednostavno-09.jpg

Користете листови зелка за да го „исушете“ млекото

Иако е тешко, секоја мајка ќе треба да престане со доење.

Кога ќе сакате да престанете со доење, згмечете еден лист зелка и ставете го на вашите гради. Зелката лачи ензими кои ќе ви помогнат во овој процес.

nekolku-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-go-napravite-doenjeto-mnogu-poednostavno-10.jpg

Како да го држите бебето додека доите?

Потребно е малку вежбање за да ја најдете совршената положба за доење.

Важно е правилно да го држите вашето бебе, за да ја избегнете болката и да го направите искуството попријатно и за вас, и за вашето бебе.

На сликата во продолжение можете да погледнете неколку начини на држење:

nekolku-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-go-napravite-doenjeto-mnogu-poednostavno-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Предмети во детската соба кои можат да бидат опасни за бебиња и многу мали деца Перница во бебешкото креветче и играчки со магнети – некои предмети можат да пре...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg