Неколку совети што ќе ви помогнат да го направите доењето многу поедноставно
Многу пати досега е докажано дека покрај другите здравствени придобивки, доењето ја зајакнува и врската помеѓу мајката и бебето.
Сепак, секоја жена што била доилка, ќе ви каже дека доењето може да биде вистински предизвик. Па ако сте нова мајка, сосема нормално е да имате неколку прашања на оваа тема.
За да го направите доењето полесно и поубаво искуство, погледнете ги овие совети и трикови.
Топлите гради лачат повеќе млеко
Можете да ги масирате вашите гради со влажна топла крпа или да се истуширате со топла вода. Ова ќе го поттикне лачењето млеко, а може да помогне и при блокирани млечни жлезди.
Колачиња за доење
Доколку не сакате да земате додатоци во исхраната за да го зголемите производството на млеко, можете да си направите колачиња за доилки. Најчесто овие колачиња содржат состојки што го поттикнуваа лачењето млеко, како ленено семе, овес и пивски квасец.
Од истите состојки можете да си направите и смути.
Користете накит за да го следите доењето
Некои мајки ја користат едната, а некои двете гради за доење. Без разлика што ви одговара вам, добро е да знаете со која дојка сте доеле последен пат.
Понекогаш, поради многуте обврски, може да биде тешко да го следите ова. Во овој случај ќе ви помогне обичен прстен. Ако последен пат сте доеле од левата дојка, ставете го прстенот на левата рака, и обратно.
Внесете додатоци во исхраната
Доколку мислите дека не лачете доволно млеко, вашиот лекар може да ви препорача некои додатоци во исхраната.
Никогаш немојте да ги земате овие додатоци без да се консултирате со лекар.
Складирајте го млекото во калапи за мраз
Едноставен начин да го складирате вашето млеко е во калапи за мраз.
Откако ќе замрзне, можете да го ставите во обични кеси за замрзнување.
Бидејќи садовите за складирање млеко можат да бидат скапи, ова ви е поевтина алтернатива.