Оставете ги да спијат подолго - 13 тајни со кои мајките од Холандија растат среќни деца

Не им создавајте притисок

Неретко, родителите се обидуваат да го поттикнат когнитивниот развој на своите деца, па ги стимулираат на секаков начин. Но, на родителите од Холандија не им е грижа за ова и, едноставно, им дозволуваат на децата да бидат деца.

Тие сметаат дека за малите деца, светот е доволно интересно место, па нема потреба од дополнителна стимулација.

Истовремено, родителите во Холандија не им создаваат академски притисок на нивните деца. Не ги тераат да ја учат азбуката пред да тргнат на училиште, децата во основно немаат дополнителни часови, а сите имаат многу малку домашно.

Иако ова ви изгледа како запоставување, важно е да знаете дека според образованието, Холандија се наоѓа на третото место во светот, веднаш после Финска и Сингапур.

Најверојатно причината е околината без стрес, што го прави учењето полесно и позабавно.

Дозволете им самите да го истражуваат светот

Мајките во Холандија не се постојано покрај своите деца и не го следат секој нивен чекор. Тие им дозволуваат самите да го истражат светот.

Неретко децата си играат заедно, без некој да ги надгледува.

Ова не значи дека родителите не се грижат за своите деца. Тие само се обидуваат да им помогнат на да ги развијат вештините што ќе им бидат потребни во иднина.

На пример, уште од 2-годишна возраст, децата ги знаат најосновните правила во сообраќајот.

dozvolete-im-da-spijat-podolgo-13-tajni-na-majkite-od-holandija-za-odgleduvanje-srekjni-deca-05.jpg

Не заборавајте на вас

Среќните родители имаат среќни деца. Мајките од Холандија знаат дека нивните деца не се совршени, а не ни поробуваат да ги направат такви. Истовремено, никогаш не се натпреваруваат со другите мајки.

Жените од Холандија имаат и одлична рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот - наоѓаат време за своите деца, но наоѓаат време и за себе.

Дозволете им да возат велосипед, дури и на дожд

Децата во Холандија најчесто одат на училиште со велосипед. Сепак, во Холандија има еден проблем – временските услови.

Но иако овде врне многу и неретко има силни ветришта, ова не ги спречува Холанѓаните да користат велосипеди.

Едноставно, тие се облекуваат за временските услови и тргнуваат со велосипед.

dozvolete-im-da-spijat-podolgo-13-tajni-na-majkite-od-holandija-za-odgleduvanje-srekjni-deca-06.jpg

Разговарајте со нив за интимни теми

Холандските родители разговараат со своите деца за сè.

Уште на 4-годишна возраст, децата почнуваат да учат што ги прави различни од другите. Со текот на времето, родителите почнуваат да им кажуваат подетални и поексплицитни работи, па додека да станат тинејџери, овие деца знаат сè за себе и се чувствуваат удобно во своето тело.

Родителите им кажуваат за важноста на љубовта, одговорноста и како да постават здрави граници со партнерот. Истовремено, тинејџерите можат да преспиваат кај нивните партнери. Благодарение на ова, родителите секогаш знаат што се случува и се достапни доколку настане некој проблем.

Направете ги среќни, а не успешни

И Холанѓаните имаат амбиции за своите деца, но нивната слика за успехот е поразлична.

Додека повеќето родители сакаат да се пофалат со оценките на своите деца, родителите од Холандија се позагрижени за нивната среќа.

За да бидат успешни, децата треба да бидат среќни, мотивирани и независни. Според Холанѓаните, само среќата може да им помогне да постигнат нешто во животот.

dozvolete-im-da-spijat-podolgo-13-tajni-na-majkite-od-holandija-za-odgleduvanje-srekjni-deca-07.jpg

Поставете добар пример за нив

Правете го она што го зборувате. Ова е главното правило на холандските родители. Нив им е јасно дека ако сакаат да одгледаат креативни, успешни и среќи деца, треба да им постават добар пример.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg