Исповед на една мајка: 10 причини зошто не сакам второ дете
Ми недостасува сопругот
Искрено, не можам да се сетам кога последен пат сме отишле сами на вечера со сопругот. Ми недостасува да разговарам со него за што било друго, освен за работите што ќерка ни ги направила тој ден.
Штедењето за факултет е застрашувачко
Високото образование е скапо, па рано го започнувам училишниот фонд на моето дете.
Кога ќе се земе предвид колку е скап факултетот, сигурна сум дека не можам да му го овозможам на уште едно дете.
Сонувам за семеен одмор
Иако сè уште се обидуваме да заштедиме за образованието на ќерката, би сакала да одвојам средства за неколку прекрасни семејни одмори.
Сакам да одам во странство и да ги истражувам разните култури и обичаи. Се надевам дека ова ќе го правиме кога ќерката ќе биде тинејџерка, па имаме уште време за штедење.
Сакав да сум единец
Моето семејство ми кажува дека рано сум одлучила дека сакам да бидам единец.
Никогаш не морало да ја делам собата и го имав целото внимание на родителите.
Можеби ова ме направило разгалена, но сето тоа ми помогнало да станам личноста којашто сум денес.
Нема гаранција
Додека растев, морав да се справам со смртта на саканите членови од семејството. Понекогаш сакав да имам брат или сестра со кои ќе ја споделам тагата, но сега сфатив дека нема гаранција за тоа.
Не знам дали моите браќа или сестри воопшто би биле тука за мене. Сопругот не е близок со неговите браќа и сестри. Едноставно, никогаш не знаете што ќе добиете.
Спирова С. | Црнобело