Самохраната мајка е татко, доктор, мајстор, механичар… и нема ништо посилно од неа
Ништо не е посилно од мајката која ќе остане сама. Мајката која станува и татко, мама, советник, докторка, механичар, мајстор, учителка, банкомат со бакнежи, но и пари.
Ништо не е посилно од жената која останува сама во борбата со ветерници.
Советите обично фрчат од сите страни, најмногу кога не се потребни. Кога ќе настане некоја грешка, сите имаат нешто да кажат. Сите умеат подобро да ги гледаат децата од неа, до моментот кога се потребни, а тогаш нагло исчезнуваат. Нив ги нема за мајката да се потпре на некој од нив и да си ја одмори душата.
Во тие моменти, таа е најсилна со дневните молитви на колена, гладна бидејќи пости. Ништо не е поголемо од мајката која останува сама, сама со своите мали светови против светот.
Светот кој ѝ коментира, ѝ се меша, додава свои зборови во приказната, лаже, ја извртува вистината без најмал срам и страв од Бога и иднината. Нејзините рамена кои се уморни од „крстовите“ кои ги носи целиот живот на себе, насмеаното лице и среќата дури и на најмалиот успех и чекор на своето дете.
Нејзината душа ја исполнуваат секоја прегратка и бакнеж по секојдневните борби и улогите на татко, мајка, механичар, советник, пријател, банкомат на бакнежи.
Ништо не е посилно од жената која останува сама.
Сама на Божиќ, на Велигден, на родендени и годишници од свадби кога најмногу доаѓа до израз нејзината самотија која ѝ се случила некаде на средината од животот. Од тогаш се бори сама со „бубачките“ на своите деца, нивните проблеми, но и сметките, работите коишто се расипуваат, банките, машините за алишта, деловите за автомобил и одводните цевки.
Со текот на годините ќе научи како целосно да се снаоѓа сама и никаков проблем повеќе не може да ја скрши. Само ја прави посилна и затоа нема ништо посилно од жената која останува сама. Нивните лица се уморни, но и понатаму полни со грижа и љубов. Полни со разбирање. Преполни со некаква блаженост.
А рацете украсени со белезите кои ѝ ги нанел животот најдобро креваат од подот и умеат нежно да милуваат. Затоа што на крајот од сите борби, мајката е секогаш жената од која никој не е понежен и погрижлив. Никој во светот не може повеќе да ве сака. И таа е сè.
Татко и брат и пријател. И возач и доктор и советник. Банкомат и добар слушател. Критичар и мотиватор. Учителка и чистачка. Сметководител и автомеханичар. Но, најмногу од сè е жената од којашто најмногу учиш. Инспирација и пример.