Барате ли име за вашето бебе? Женски имиња што во превод значат „принцеза“

Изборот на името е една од поважните одлуки кои родителите ја носат за своето бебе. На оваа тема понекогаш се размислува со месеци, а доколку дознаете дека очекувате девојче, името коешто во превод означува „принцеза“ би било многу симпатично, нели?

Zenski-iminja-sto-vo-prevod-znacat-princeza-01.jpg

Всушност, многу култури и народи имаат голем избор на вакви женски имиња, а ова се само дел од нив:

Јуки – веројатно погодувате, ова име потекнува од Јапонија. Постои верување дека личноста којашто го носи ќе порасне во смела и авантуристичка жена.

Маел – креативно и звучно име, прилично популарно во Ирска.

Тиа – Јасно, кратко и драматично име со грчко потекло, кое е прилично популарно последниве неколку години на нашите простори.

Туала – ова име има исто така ирско потекло. Многу е егзотично и буди восхит.

Шари – оригинално и разиграно, ова име потекнува од Индија и сосема добро би можело да се вклопи кај нас.

Емира – името е особено популарно во БиХ, а звучи романтично и префинето. Инаку потекнува од арапскиот јазик.

Маја – колку девојки познавате со ова име? Сигурно барем една, а името е бајковито и мошне шармантно, со арапско потекло.

Сораја - име коешто сè повеќе станува популарно, благодарение на неговата звучност, а има иранско потекло.

Зара - уште едно име со арапско потекло, кое иако е кратко, звучи многу моќно.

Сабрина - името на култната божица на Келтите е уште едно раскошно, кралско име.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
Искрена исповед на мајка: „Тешко ми е летниот период со бебе, кога не можам да излезам надвор“ Кои се вашите размислувања? Дали сметате дека повеќето мајки се&n...
9 најубави имиња за момчиња и девојчиња родени во февруари Имињата во февруари често се врзуваат со Денот на виното и Денот на заљубените. ...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg