Страв од училиште - зошто се јавува и како да им помогнеме на децата?
Страв од училиште во последните години се истражува и проучува сè повеќе. Се чини дека има зголемен процент на деца кои се плашат да одат на училиште, при што некои дури доживуваат и депресија.
Покрај менталните симптоми може да има и физички симптоми (главоболка, болки во стомакот, вртоглавица, гадење и сл.).
Постојат многу причини за овој страв, а многу родители сè уште не разбираат колку е важно да разговараат со своите деца на оваа тема.
Страв од училиште не мора да се дефинира како училишна фобија, бидејќи интензитетот на стравот варира во зависност од детето. Но факт е дека стравовите и вознемиреноста кај децата се поврзани со физиолошките реакции.
Поточно, школото кај децата, кои страдаат од вознемиреност, во мозокот буди знак на опасност, иако опасноста, најчесто, не е реална. Иако многу деца знаат дека не треба да се грижат, мозокот сè уште го перципира училиштето како закана, што резултира со избегнување и страв.
Не постои конкретна причина за страв од училиште, но експертите сугерираат дека одредени ситуации сè уште можат да го предизвикаат овој проблем.
На пример, децата кои некое време не оделе на училиште, поради болест или други причини, можат да развијат страв од враќање на училиште со текот на времето. Ова е поврзано со загриженоста за пропуштени часови и справување со многу предизвикувачки задачи.
Понекогаш стравот од училиште е доста оправдан, особено кога основата е физичка или психолошка злоупотреба, што детето ја доживува на училиште. За жал, од оваа причина, страв од насилници, исто така, се генерализира со стравот од училиште.
Ова е проблем што треба да се пријави и да се реши професионално.
Од друга страна, почеста причина за ваквиот вид на страв лежи во претераните барања и очекувања на родителите, кои ја истакнуваат важноста на високите оценки. Иако оценките се важни, особено за амбициозните деца, тие не треба да се сфаќаат премногу сериозно.
Психијатрите ги предупредуваат родителите да престанат да вршат притисок врз децата кои имаат просек 5.0, бидејќи можат да предизвикаат перфекционизам, страв од неуспех, депресија и вознемиреност.
Оценките понекогаш навистина не се мерило на знаење, а децата треба да бидат свесни дека и покрај пониските оценки, сепак можат да ги постигнат своите желби и цели ако се упорни и вредни.
Ашера | Црнобело