Колку време треба да помине за повторно да останете бремени, после царски рез?

Според генералното правило, најдобро е да чекате 18 до 23 месеци после бременост за повторно да зачнете. Истиот период е препорачлив и за природното, и за породувањето со царски рез.

kolku-vreme-treba-da-pomine-za-povtorno-da-ostanete-bremeni-posle-carski-rez-01.jpg

Иако можеби ви звучи како долг период, треба да земете предвид дека само што сте имале голема операција. На телото му е потребно време да закрепне и да си ги врати изгубените хранливи материи.

На пример, можно е после породувањето да бидете анемични бидејќи железото од вашата крв се пренесувало кај бебето во текот на бременоста. Покрај тоа, овде е и големото количество крв што се губи при самото породување. Важно е да знаете дека жените кои имале царски рез можат да изгубат дупло повеќе крв од оние кои имале природно породување.

Истовремено, некои истражувања покажале дека жените кои повторно остануваат бремени помалку од 6 месеци после последното породување имаат поголем ризик од компликации. Овде спаѓаат пукање на матката, па дури и предвреме родено бебе.

kolku-vreme-treba-da-pomine-za-povtorno-da-ostanete-bremeni-posle-carski-rez-03.png

Покрај тоа, после породувањето ќе ви биде потребно време да се навикнете на родителскиот живот. Сигурно не сакате уште една одговорност пред добро да знаете што треба да правите. Кога ќе си дадете време да закрепнете и да го научите потребното, за следното дете ќе можете да се грижите многу подобро.

Доколку сте во доцните 30-ти, можете да пробате да зачнете уште 12 месеци после царскиот рез. Причината е што жените над 35 години почесто имаат проблеми со зачнување на второ дете. Покрај тоа, ризикот за отежнато зачнување се зголемува со возраста.

Сепак, секоја жена е различна и има различни потреби, па најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.

kolku-vreme-treba-da-pomine-za-povtorno-da-ostanete-bremeni-posle-carski-rez-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg