Работи што воопшто нема потреба да ги купувате пред раѓањето на вашето дете

Облека

Можеби бебешката облека е навистина слатка, но не заборавајте дека вашето бебе ќе ја носи само неколку месеци. Бебињата растат многу брзо, па во првите години најдобро е да позајмите облека или да најдете на старо.

Некои педијатри сметаат и дека ракавиците за бебиња се сосема бескорисни.

raboti-shto-voopshto-nema-potreba-da-gi-kupuvate-pred-ragjanjeto-na-vasheto-dete-06.jpg

Направи за стерилизирање

Во вашиот дом нема бактерии што можат да му наштетат на бебето, па нема потреба да купувате направи за стерилизирање на шишињата и цуцлите.

Доколку сакате да ги исчистите, и врелата вода ќе ви заврши работа. Бактериите што ќе останат на шишињата и цуцлите ќе го стимулираат имунитетот на вашето бебе.

raboti-shto-voopshto-nema-potreba-da-gi-kupuvate-pred-ragjanjeto-na-vasheto-dete-07.jpg

Играчки

Купот играчки нема да помогне во развојот на вашето бебе. Сосема доволно е да купите неколку едукативни играчки за бебиња и ништо повеќе.

Неретко се случува родители да купат играчка за детето што ја сакаат тие, а кога бебето не е доволно возрасно да си игра со неа, играчката сигурно ќе заврши во отпад.

raboti-shto-voopshto-nema-potreba-da-gi-kupuvate-pred-ragjanjeto-na-vasheto-dete-08.jpg

Четка за коса

Кај новороденчињата се појавува себороичен дерматит кој се манифестира со лушпи на влакнестиот дел од главата. Но, педијатрите сметаат дека ова е сосема нормално и нема потреба да ги отстранувате лушпите со четка за коса.

Всушност, дерматитот може да остане и до претшколска возраст, само што не се гледа од косата.

raboti-shto-voopshto-nema-potreba-da-gi-kupuvate-pred-ragjanjeto-na-vasheto-dete-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg