Работи што воопшто нема потреба да ги купувате пред раѓањето на вашето дете
Секој родител сака да му го овозможи најдоброто на своето дете, па не чудно што новите родители или оние кои очекуваат дете купуваат секакви работи.
Но, изгледа дека нема потреба да купувате играчки, колички, па дури и креветчиња пред да се роди вашето дете.
Креветче
Немојте да купувате креветче за вашето бебе сè додека не одлучите кој начин на спиење ви е најудобен. Можете да ја подготвите собата, но немојте да купувате креветче додека не сте сигурни дека мајката и детето можат да спијат одвоено.
Воглавно, новороденчињата немаат проблем да спијат сами, но после 6 месеци, тие ќе бараат повеќе внимание навечер. Понекогаш во овој случај подобро е да имате корпа до вас во која ќе спие бебето, наместо цел кревет за него.
Кога детето ќе ја надрасне корпата најверојатно ќе ви треба креветче, но добро е да почекате да дојде тој момент.
Маса за пресоблекување
Можеби сметате дека масите за пресоблекување се побезбедни, но каде и да го ставите детето, тоа може да падне. Подобро е да набавите водоотпорен душек на кој ќе го пресоблекувате вашето дете.
Според педијатрите, најлесно ќе го пресоблечете детето ако го ставите на креветот а вие седнете на земјата. Креветот е доволно голем за бебето да не падне, а нема залудно да давате пари за нешто што не ви е потребно.
Корито
Слободно можете да го бањате вашето дете во кадата. Единственото нешто на коешто треба да внимавате е кадата да биде чиста пред секое капење. Па, нема потреба да давате пари за бебешко корито.
Количка со сенка
Количките со сенка можат да бидат навистина скапа. Кога купувате количка, најважно е да внимавате на нејзината тежина, бидејќи воопшто не е лесно да се справите со тешка количка. Но наместо да купите, уште подобро е ако можете да позајмете од некого или да купите на старо.
Детето брзо ќе ја надрасне количката, па нема потреба да давате многу пари за краток период.