Зошто децата во Франција се културни и не се однесуваат палаво?
Децата на Французите се добро воспитани, паметни и живеат активно, а тоа може да го забележи секој кој ќе помине малку време со нив.
Тие не се однесуваат некултурно, палаво и бесно, а секој родител би посакал неговите деца да се такви.
Па која е тајната заради која француските деца се какви што секој би посакал?
Што ги прави децата во Франција најкултурни:
Младите мајки во Франција се враќаат на работа по 10 недели од породувањето. Ако останат дома подолго, ќе бидат изложени на поголеми финансиски трошоци.
До крајот на породилното отсуство, детето почнува во градинка, па од најмала возраст се опколува со нови луѓе што му помага побрзо да се приспособи и да стане понезависно во животот.
Децата уште од најмала возраст ги учат да спијат во сопствени кревети, дури и во посебни соби.
Ако детето се разбуди во текот на ноќта плачејќи, мајката чека неколку секунди да се осигура дали нејзиното присуство е неопходно или само ќе се смири. Така детето се учи да спие само, а не да плаче по родителите.
Француските родители им даваат на децата онолку слобода со колку што можат да се справат. Тие ги оставаат децата сами да си играат, да се дружат со нови деца и сами да си ги решаваат детските проблеми без да се мешаат.
Добрите родители знаат кога да постават линија и да ги остават децата сами да се справуваат. Треба добро да ја познавате границата помеѓу игра и лошо однесување.
Бабите и дедовците играат главна улога во растењето на децата и семејните собири треба да се случуваат почесто.
Но, тоа се случува за викенди, празници одмори, а не цело време како да им се дадилки 24/7.
Во Франција постарите луѓе може да се забележат како излегуваат на кафе или чаша вино, многу почесто отколку да ги гледате како постојано чуваат внуци.
Додека некои родители низ светот се трудат да ги натераат децата да јадат со секакви трикови и дизајни во чинијата, Французите немаат таква навика.
Тие сметаат дека треба сите заедно да седнат на маса и да јадат ист оброк, па не ги размазуваат децата од мали. Не ги тераат да јадат тоа што не сакаат, но упорни се барем децата да го пробаат јадењето.
Децата уште од најмала возраст ги учат на добри манири, тие ги поздравуваат гостите и соседите, остануваат мирни додека чекаат ред, го отстапуваат своето место на постари и ги знаат најважните фрази – добар ден, благодарам, повелете и друг пат, пријатно.
Недела е денот кога целото семејство се собира и оди во природа, вози велосипеди, прави скара или шета некаде.
Французите го ценат овој ден и уживаат во заедничките активности, а потоа се подготвуваат за неделата.
Наместо да ги учат децата да им се купува што ќе посакаат, тие добиваат џепарлак и од мали учат како да раководат со парите и да знаат што и кога можат да си дозволат.
М. М. | Црнобело