5 светски компании кои имаат најдобри услови и бенефиции за вработените родители

Првите неколку месеци се најважни за поврзување на родителите со новороденчето, а условите кои компаниите ги даваат не секогаш овозможуваат отсуство и бенефиции какви што родителите замислуваат.

5-svetski-kompanii-koi-imaat-najdobri-uslovi-za-i-beneficii-za-vrabotenite-roditeli-01.jpg

Некои компании во светот кои важат помеѓу најдобрите, одлично го сфаќаат концептот и им овозможуваат на вработените совршени услови.

Иако секаде е различен периодот на породилно отсуство (и можеби не е толку долг како кај нас), сепак секоја од овие компании има свои предности заради кои се наоѓа на оваа листа.

Во САД, просечно породилно отсуство е 10 недели.

Светски компании кои се смета дека имаат најдобри услови за вработените кои станале родители:

Pinterest

Мајките и татковците добиваат по 4 месеци отсуство, а наредните 4 недели по враќањето на работа тие се обврзани да работат само еднаш неделно, а добиваат целосна плата.

Од компанијата исто така им плаќаат часови за помош околу родителството, ги покриваат трошоците за посвојување дете до 5.000 долари и за сурогатство до 20.000 долари.

5-svetski-kompanii-koi-imaat-najdobri-uslovi-za-i-beneficii-za-vrabotenite-roditeli-02.jpg

Starbucks

Оваа компанија им нуди на мајките 18 недели платено породилно отсуство, а на татковците 12 недели. Тие се фокусираат на важноста на семејството, па обезбедуваат дополнителна грижа за децата, возрасните и постарите, така што овозможуваат уште 10 дополнителни денови годишно за итни случаи.

5-svetski-kompanii-koi-imaat-najdobri-uslovi-za-i-beneficii-za-vrabotenite-roditeli-003.jpg

Netflix

Платеното отсуството за родителите во оваа компанија може да биде и до една година, што е повеќе од која било компанија во САД.

Од компанијата велат дека вработените работат подобро кога главата не им е оптоварена со грижи за дома, па подобро првата година да останат дома.

5-svetski-kompanii-koi-imaat-najdobri-uslovi-za-i-beneficii-za-vrabotenite-roditeli-04.jpg

Amazon

Од оваа компанија покрај тоа што се грижат за своите вработени, дури им плаќаат отсуство и на нивните брачни партнери за да бидат со нивните новородени деца.

На сите родители тие им нудат 6 месеци платено отсуство, а вработените можат да го делат отсуството заедно со партнерот, кој воопшто не работи во Amazon, ако нивниот работодавач не им го овозможува тоа.

5-svetski-kompanii-koi-imaat-najdobri-uslovi-za-i-beneficii-za-vrabotenite-roditeli-05.jpg

Microsoft

Тие го сфаќаат толку сериозно породилното отсуство што дури не сакаат да работат со компании кои не им овозможуваат на вработените минимум 12 недели платено отсуство при породување или посвојување дете.

Во самата компанија родителите добиваат 12 недели платено отсуство, а мајките добиваат дополнителни 8 недели.

5-svetski-kompanii-koi-imaat-najdobri-uslovi-za-i-beneficii-za-vrabotenite-roditeli-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Научете ги децата да не се фалат со нови патики, туку со знаење“ - Српски психијатар со порака за р... „Наместо да поминуваат што е можно повеќе време со детето, родителите на децата ...
Ранко Рајовиќ ги разлути родителите: „Штом детето наполни 2 години, заборавете на количката“ „Би возела и кукла во количката, само да не влечкам ќеси“ – му одговори една жен...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Хрватски психолог советува: „Родителите што премногу им угодуваат на децата се токсични, какви после... И родителите од кои децата се плашат, и оние родители кои се плашат да не ги воз...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
„Моите синови 1 месец беа без ТВ, таблети и телефони – Какви промени забележав кај нив?“ „Животот ни стана многу полесен како родители“ – вели овој татко од САД, кој одл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg