Непредвидливи начини на кои ќерките им го менуваат животот на нивните мајки

Дали некогаш сте посакале ќерка? А дали некогаш сте помислиле како таа ќе ви го промени животот? Секој родител ќе ви каже дека децата се вистински благослов и навистина го менуваат животот.

neochekuvani-nachini-na-koi-kjerkite-im-go-menuvaat-zhivotot-na-majkite-01.jpg

Во продолжение дознајте како вашата ќерка може да го промени вашиот живот.

Ќерките го ублажуваат темпераментот на мајките

Доколку имате ќерка, сигурно сте забележале дека откако се родила, сте станале посмирена личност. Желбата да ѝ помогнете да стане стабилна и силна жена ќе ве натера да размислите за секоја ваша одлука.

Токму поради неа ќе почнете да ја прифаќате одговорноста за вашите постапки, но и ќе научите да се помирите и да простувате.

Ќерките ги „освестуваат“ мајките

Многу жени со стареењето почнуваат да се загрижуваат за нивниот изглед и тешко им е да си го прифатат телото. Сакаат помалку килограми, помал нос, поголеми гради... На листата како да ѝ нема крај.

Но штом ќе добиете ќерка, ќе сфатите дека таа ќе имитира што и да направите. Ќе сфатите дека ако вие не го сакате вашето тело, нема ни таа да го сака нејзиното. Поради ова, ќе почнете да се прифаќате себеси и ќе станете пољубезни кон себе.

Ќерките ги прават мајките повнимателни

Речиси секоја жена е свесна за лошите околности што може да ги приреди животот. Во овој случај станува збор за проблемите поради половата нееднаквост.

Можеби некогаш сте биле нечија жртва само поради тоа што сте жена. Па кога ќе имате ќерка, ќе знаете дека можеби и таа ќе се соочи со истите проблеми. Ќе ви биде страв од светот во којшто таа треба да порасне.

Ќе ви биде страв од сè што може да ѝ се случи, а ова ќе ве направи многу повнимателна личност.

neochekuvani-nachini-na-koi-kjerkite-im-go-menuvaat-zhivotot-na-majkite-02.jpg

Ќерките предизвикуваат позитивен гнев

Стравот што го напоменавме може да предизвика позитивен гнев. Можеби порано не ви било грижа за женските права, но сега кога имате ќерка, имате и нова перспектива.

Мајките се борат за да им овозможат добро место на своите ќерки во светот, а самото мајчинство ќе ви покаже што навистина значи да бидете жена. Откако ќе имате ќерка, вашиот инстинкт на „мајка лавица“ вистински ќе се активира.

Ќерките ги прават мајките похрабри

Дури и ако мислите дека сте бестрашни, кога ќе се роди вашата ќерка, таа ќе ви го докаже спротивното. Можеби сте им дозволувале на другите да ве повредуваат и сте ги избегнувале конфликтите по секоја цена.

Но откако ќе се роди вашата ќерка, сето ова ќе се промени. Ќе сфатите дека вашата досегашна храброст не е она што сакате да ѝ го покажете на ќерката.

Па ќе станете похрабри, ќе преземате повеќе ризици и можеби конечно ќе ги остварите вашите цели само за да ѝ покажете на вашата ќерка дека не треба да се откажува од нејзините соништа.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Писмо до мојата 15-годишна ќерка: Прочитај што сакам да ти кажам, но живеј по свое - ти не си јас „Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg