Совети со кои ќе им го олесните на децата почетокот на школска година
Организирајте се
Во домот направете место каде што ќе стои чантата на детето, неговиот прибор и облеката за на училиште. Исто така обележете ги важните датуми на календарот и следете ги новостите од училиштето.
Средете ја собата од непотребни работи и ослободете ги бирото и фиоките за нови книги и тетратки.
Транспорт
Доколку вашето дете живее подалеку од училиштето, однапред размислете како ќе стигне до таму. Доколку треба да се вози со автобус, неколку пати отидете заедно до училиштето. Истото важи и ако треба само да оди пеш.
Разговарајте за сите грижи
Нормално е детето да чувствува доза анксиозност кога треба да се врати на училиште. Па обидете се да разговарате со него и да откриете што го загрижува, а потоа помогнете му да го надмине проблемот.
Организирајте дружба со пријателите од училиште
Поканете некој од соучениците на вашето дете кај вас. На овој начин детето одново ќе се социјализира и ќе се чувствува поудобно кога во училницата ќе има барем еден пријател.
Запознајте се со наставниците
Доколку веќе не ги познавате, добро би било да се запознаете со наставниците на вашето дете. Доколку детето има проблем или посебни барања и потреби, кажете му на наставникот однапред.
Одредете слободен ден без активности
Одберете еден ден во неделата во кој вашето дете ќе биде слободно од училишните обврски. Овој ден можете да го поминете заедно со семејството, или едноставно дозволете му на детето да прави нешто што сака.
Ограничете го времето пред екран
Почнете да го ограничувате времето што вашето дете го минува пред компјутер или телефон уште пред да започне учебната година. На овој начин нема да му се одвлекува вниманието кога ќе дојде време за учење и пишување домашни.
Спирова С. | Црнобело