Совети со кои ќе им го олесните на децата почетокот на школска година

Играње до зајдисонце и спиење до пладне, гледање филм среде работен ден, живот во костим за капење - полека се ближи крајот на безгрижниот летен распуст, но како да им го олесните враќањето на училиште на децата? 

soveti-so-koi-kje-im-go-olesnite-na-decata-pochetokot-na-shkolska-godina-01.jpg

Факт е дека на мрзливите летни денови им се ближи крајот, но за некои деца враќањето на училиште може да биде вистински проблем.

Поради ова, вашата задача како родител е да се обидете да му ја олесните оваа промена на вашето дете, а советите во продолжение ќе ви помогнат во тоа.

Започнете со нормална рутина за спиење една недела пред да почне учебната година

Наместо да му дозволите на вашето дете да си легне доцна пред првиот училиштен ден, обидете се да воспоставите нормална рутина за спиење порано.

На овој начин детето ќе има време да се приспособи и да се навикне да си легнува порaно и да станува наутро.

soveti-so-koi-kje-im-go-olesnite-na-decata-pochetokot-na-shkolska-godina-002.jpg

Повторете ги правилата за после училиште

Доколку дома имате правило прво да се напише домашната, потсетете го детето на ова. Разговарајте за тоа дали детето може да си игра кога ќе се врати од училиште, или треба веднаш да почне со учење и пишување домашна.

Кога детето ќе знае што треба да прави, целата ситуација ќе биде помалку стресна.

Прегледајте го распоредот за после училиште

Осигурете се дека секој си го знае својот распоред за после училиште. Доколку вашето дете треба да оди на час по јазик, на пливање или слично, однапред одредете го распоредот за тоа. Уште пред да почне со училиште објаснете му на детето како ќе му се одвива денот, за да биде подготвено. 

nekolku-soveti-za-polesno-vrakjanje-na-uchilishte-02.jpg

Набавете го потребниот школски прибор

Неколку денови пред детето да се врати на училиште проверете дали го има целиот потребен прибор. Проверете дали му треба нов ранец, купете неколку тетратки за почеток додека дознае какви ќе му бидат потребни и опремете го со моливи, пенкала, бои и секако, со соодветна облека. 

Искористете ги распродажбите

Речиси сите продавници имаат попусти пред почеток на учебната година. Па добро испланирајте што треба да купите, бидејќи истите работи подоцна можат да чинат и дупло повеќе.

Вратете ја навиката за читање

Ретко кое дете сака да го помине распустот читајќи, а доколку ова важи и за вашето, помогнете му да си ја врати навиката за читање пред да почне учебната година.

Иако не е паметно тоа да се прави во „5 до 12“, сепак е подобро отколку да не го направи воопшто. Упатете се во некоја книжарница или во градската библиотека и набавете некоја лектира, па натерајте го да прочита нешто барем во последната недела од распустот. 

nekolku-soveti-za-polesno-vrakjanje-na-uchilishte-03.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg