Симптоми на детска депресија што никако не смеете да ги игнорирате
Напнатост
Детската депресија неретко се крие зад агресијата, па поради ова е тешко да се препознае. Проблемот е што децата и тинејџерите изгледаат како сè да ги иритира, а не изгледаат тажно. Па ако вашето дете „експлодира“ без некаква причина, можеби станува збор за депресија.
Не се радува на среќните сеќавања
Некои деца се несреќни, но тоа не значи дека се во депресија. За да ја воочите разликата, обрнете внимание како реагира детето кога му зборувате за некои среќни сеќавања.
Доколку детето е само несреќно, овој разговор ќе го расположи. Но доколку е депресивно, убавите сеќавања нема да му го подобрат расположението.
Истовремено, детето со депресија не може да си замисли среќна иднина.
Плачење
Плачењето е сосема нормално и е здрав начин на искажување на емоциите. Но доколу забележите дека детето плаче неконтролирано и почесто, прашајте го која е причината за тоа. Немојте да му го припишувате плачењето на хормоналните промени.
Не сака утеха
Кога ќе се случи нешто лошо, нормално е да чувствувате тага. Но во овие моменти обично барате некоја утеха. Децата со депресија ќе ја одбиваат вашата утеха бидејќи знаат дека тоа нема да им помогне. Причината е што тие сакаат да почувствуваат подобро, но едноставно не можат.
Физички болки
Доколку вашето дете почесто ви се жали за главоболка, болка во стомакот или нешто слично, тоа може да е последица од депресијата.
Недостаток од интерес
Доколку вашето дете го изгубило интересот за активностите што му причинувале задоволство, тоа е знак за сериозен проблем. Депресијата не зафаќаа само еден дел од животот, туку може да има влијание врз сè.
Промени во апетитот
И промените во навиките за исхрана можат да бидат знак за депресија. Можеби вашето дете јадело малку, но сега е постојано гладно. Или, пак, можеби навистина сакало храна, а сега едвај јаде.
Нормално е да се појават промени во исхраната, но доколку се нагли и драстични, треба да им обрнете внимание.
Семејна историја со депресија
Кај некои луѓе депресијата е наследна. Па, размислете дали вие или кој било од вашето семејство има историја со депресија. Тоа значи дека и вашето дете е изложено на ризик.
Спирова С. | Црнобело