Симптоми на детска депресија што никако не смеете да ги игнорирате
Иако депресијата кај децата најчесто се јавува во адолесценцијата, детската депресија е исто присутна. Причините за ова се многубројни, но најчесто е влијанието на околината.
Симптомите можат да бидат многу различни кај децата и возрасните, но тагата, плачењето, промените во апетитот и слично се исти.
Понекогаш, во потешките случаи, може да дојде и до застој во развојот, забавено движење и несоница.
Депресијата е сериозна болест, но може да се излечи. Затоа добро е да знаете кои се симптомите на детската депресија.
Лош успех на училиште
Депресијата може да предизвика проблеми со концентрацијата, па на детето ќе му стане потешко да ја следи наставата или да учи.
Доколку вашето дете било добар ученик, но одеднаш неговиот успех е намален, важно е да откриете која е причината за тоа.
Замор
Факт е дека тинејџерите и децата спијат повеќе, но ако забележите промени во нивните навики на спиење, можно е да станува збор за депресија. Кај некои деца депресијата ќе ја зголеми желбата за сон, а кај некој може да предизвика несоница.
Ова може да има лошо влијание врз образованието и социјалниот живот. Па ако забележите дека вашето дете спие повеќе од вообичаено или постојано е заморно, проверете што е проблемот.
Чувство на безвредност
Доколку детето ви каже дека никој не го сака или дека се чувствува безвредно, немојте да го игнорирате тоа. Депресијата предизвикува вакви мисли и чувства, па важно е да ја откриете навреме.
Изолирање
Луѓето со депресија често се изолираат од другите. Децата и тинејџерите со депресија можно е целосно да престанат да се дружат со нивните пријатели. Доколку вашето дете престанало да излегува и не се дружи со никого, можеби има некој проблем.