Педијатрите предупредуваат: Децата никогаш не се дават како што мислите, трагедијата се случува тивко

Доколку мислевте дека вие или кој било ќе се обидува да привлече внимание со викање и мавтање на рацете додека се дави, се лажете.

pedijatrite-predupreduvaat-davenjeto-mozhe-da-bide-sosema-nechujno-01.jpg

Давењето во вода не е драматично како што си го замислуваме. Децата најчесто се дават во тишина. Тие тонат брзо и тивко, а бидејќи се парализирани од шокот не можат да побараат помош.

Кога детето ќе почне да се дави, тоа ќе направи сè за да дојде до воздух. Главата и носот ќе ги држи на површина, но не и рацете бидејќи со нив ќе се обидува да го задржи телото над водата.

Исто така, експертите истакнуваат дека најголемата опасност не е длабочината на водата, туку нејзината достапност.

Всушност, покрај морето, базенот или езерото, смртоносни можат да бидат резервоарите за вода, барите, па дури и кадата во домот.

pedijatrite-predupreduvaat-davenjeto-mozhe-da-bide-sosema-nechujno-02.jpg

Според некои педијатри, најголемиот број давења на деца се случуваат во присуство на родител или некој возрасен.

Проблемот е што во овие моменти децата ги преценуваат нивните способности за пливање и не се свесни за потенцијалните опасности. Уште полошо е што детето може да се убави за помалку од една минута.

Наводно, давењето е водечката причина за смрт кај децата од 1 до 4-годишна возраст, а втора по ред кај децата помеѓу 1 и 14 години.

Поради ова, доколку вашето дете наеднаш престане со вревата, најдобро е да проверите што се случува.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Како да ги натерате децата да средуваат во домот (и што е соодветно за нивната возраст)? Претворете го чистењето во игра и пуштете музика - неколку трикови што ќе ви пом...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg