Грешки кои родителите ги прават по развод, а може да го уништат животот на детето

Иако понекогаш разводот е подобра опција од токсичен брак, сепак кога имате деца, може да остави последици на кои родителите не секогаш обрнуваат внимание.

greshki-koi-roditelite-gi-pravat-po-razvod-a-mozhe-da-go-unishtat-zhivotot-na-deteto-01.jpg

Додека порано брачните партнери се задржувале во токсичен брак, полн со проблеми и кавги, денес разводот не е табу тема, дури и кога имаат деца.

Според експертите, подобро е родителите да се разделени, отколку децата да живеат во токсично семејство, но важно е родителите да внимаваат на нивниот однос по разводот.

Иако го сакаат најдоброто за децата, разведените родители често прават грешки кои може да го уништат животот на децата.

Грешки кои не смеете да ги правите доколку се одлучи(в)те на развод:

Се однесувате со детето како со возрасна личност

Колку и да е големо, детето не е возрасна личност која треба да се грижи за вас по разводот, да ве теши и смирува од кризи.

Вие сте одговорни за децата и вие треба да направите тие да не се чувствуваат запоставено, несигурно или загрозено.

Не мора да разговарате со нив буквално за секое ваше чувство, и на нив им е потребна вашата поддршка.

greshki-koi-roditelite-gi-pravat-po-razvod-a-mozhe-da-go-unishtat-zhivotot-na-deteto-02.jpg

Го терате детето да бира

Најголемата грешка е да го натерате детето да бира помеѓу двајцата родители. Детето треба да ги гледа и двајцата родители подеднакво и не треба да се чувствува како да го предава едниот само затоа што е принуден да го одбере другиот.

Не го ставајте детето во непријатни ситуации, тоа не е виновно за вашите проблеми – решете ги работите помеѓу вас двајца.

greshki-koi-roditelite-gi-pravat-po-razvod-a-mozhe-da-go-unishtat-zhivotot-na-deteto-03.jpg

Се обидувате да го придобиете детето

Иако се разведени, детето е заедничко и не смее да дозволите да постојат разлики во воспитувањето, само за едниот од вас да биде поомилен.

Не е важно кој родител ќе му купи нешто повеќе на детето, важно е во каква индивидуа детето ќе порасне, а за тоа треба да го воспитувате еднакво.

greshki-koi-roditelite-gi-pravat-po-razvod-a-mozhe-da-go-unishtat-zhivotot-na-deteto-04.jpg

Не дозволувајте детето да се чувствува виновно

Децата чувствуваат доволно стрес од самата ситуација, па никогаш немојте да дозволите истиот да се зголеми заради нивното непотребно чувство на вина.

Децата често мислат дека тие се виновни за ова доколку вие постојано се расправате со партнерот за нив.

Објаснете му ја на детето ситуацијата и постојано кажувајте му колку многу го сакате, двајцата.

greshki-koi-roditelite-gi-pravat-po-razvod-a-mozhe-da-go-unishtat-zhivotot-na-deteto-05.jpg

Зборувате лошо за партнерот

Колку и да ви згрешил партнерот или да чувствувате гнев кон него, тоа не смеете да го префрлите на вашето дете.

Доколку другиот партнер се грижи за детето, вашите проблеми не го засегаат него и треба да останат помеѓу вас двајца.

Вашите проблеми не смеат да бидат пречка за односот на детето со партнерот, дури и после разводот.

greshki-koi-roditelite-gi-pravat-po-razvod-a-mozhe-da-go-unishtat-zhivotot-na-deteto-06.jpg

Го користите детето како медијатор

Себично е да го инволвирате детето  помеѓу вашите проблеми и да го користите за да ви пренесува информации, да ви биде адвокат и да разговарате преку него или да очекувате да ве смирува.

greshki-koi-roditelite-gi-pravat-po-razvod-a-mozhe-da-go-unishtat-zhivotot-na-deteto-07.jpg

Го користите детето како информатор

Уште помалку треба да го користите детето за да откриете информации за партнерот. Не го вклучувајте во вашите тајни игри и дознавајте ги информациите сами, не го ставајте во позиција да мора да издава.

greshki-koi-roditelite-gi-pravat-po-razvod-a-mozhe-da-go-unishtat-zhivotot-na-deteto-08.jpg

Мислите дека детето не разбира

Можеби додека се мали не разбираат баш што се случува, но децата гледаат, слушаат и забележуваат многу работи за кои не сте свесни.

Не дозволувајте да му создадете трауми и непријатни сеќавања од детството.

greshki-koi-roditelite-gi-pravat-po-razvod-a-mozhe-da-go-unishtat-zhivotot-na-deteto-09.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Ранко Рајовиќ ги разлути родителите: „Штом детето наполни 2 години, заборавете на количката“ „Би возела и кукла во количката, само да не влечкам ќеси“ – му одговори една жен...
9 типа на однесување на родителите, што им се враќаат како бумеранг (низ илустрации) Ги издавате тајните на детето пред сите или го карате кога ќе ви се довери. Му в...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
Трикови со кои полесно ќе го „преживеете“ одењето на фризер со дете Кога станува збор за детско потстрижување, добро е да посетувате салони кад...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg