Мајка го родила второто близначе 11 седмици по првото
Вакво медицинско чудо се случува еднаш во 50 милиони случаи, а во Казахстан ова е првпат.
Жена од Казахстан е вистинско медицинско чудо откако второто близначе го родила 11 седмици по првото.
Лилија Коновалова прерано родила девојче на 24 мај, а нејзиниот син близнак го родила на 9 август.
Докторите процениле дека ова е случај што се случува еднаш во 50 милиони, а во Казахстан се случил по првпат.
29-годишната мајка првото бебе Лија го родила во 25-тата недела со помалку од еден килограм, додека второто бебе Максим тежело 2.9 килограми.
Ова се случило како резултат на една ретка абнормалност кај мајката. Таа имала двојна матка и така секое близначе си се развивало посебно.
Лилија му благодари на медицинскиот тим што го спасиле нејзиното прерано родено бебенце и со близнаците веќе е дома.
С. С. | Црнобело