22 работи кои детето треба да ги знае пред да тргне на училиште
За сите родители кои се под стрес и чувствуваат мала анксиозност и загриженост за нивното прваче, им помагаме со кратка листа од 22 работи кои повеќе се знаци дека нивното детенце е подготвено за училиште.
Психологот Џенин Спенсер издвојува точно 22 работи кои секое детенце на возраст од 6-7 години треба да ги знае, за да може безгрижно да го почне своето школување.
Секое прваче треба да знае...
1. Да си го напише своето име на лист хартија.
2. Да ја знае азбуката.
3. Да пее и да рецитира стихотворби.
4. Да ги споделува своите играчки и предмети со другите деца, без плачки.
5. Да користи компјутер.
6. Да ги зема предвид туѓите емоции.
7. Да се облекува и храни само.
8. Да се приклучува на активности со други деца.
9. Да раскажува и измислува приказни.
10. Само да ги заврши обврските кои му се дадени.
11. Да знае да се вклучи во разговорите.
12. Да се фокусира на една работа во моментот.
13. Да брои и да одговара на прашања кои содржат бројки.
14. Да разликува минато од идно време.
15. Да поставува прашања.
16. Да знае да ги категоризира работите во групи и множества.
17. Да има љубов кон логички игри.
18. Да биде физички активно.
19. Да знае да разликува здрава од нездрава храна.
20. Да има развиена фантазија.
21. Да не се плаши да направи неред од бои и ситници во направи сам проектите.
22. Да создава музика на разни предмети.
М. Д. | Црнобело