„Упатство“ за чување на бебиња од 1950-тите
Во толку часот јадење, во толку слободно клоцање на креветот, во толку некоја трета активност... Дали одгледувањето на бебињата треба да биде по строг распоред?
На една австралиска страница за мајки осамна листа „Baby's Day“, каде има совети како треба да се чува бебето.
Направен е строг распоред од 6 часот наутро до 11 часот навечер што сè треба да му направите на вашето бебе.
Оваа листа е доказ колку бил поинаков пристапот кон родителството во 1950-тите за разлика до денес.
Во распоредот има упатства од типот „Остави го бебето да спие надвор“ или „Дај му да пие сок од портокал“. Потоа има совети дека бебето треба да биде оставено слободно без облека да клоца на креветот и во лето да се сонча во 9 часот наутро, а во зима во 13 часот.
Дел од коментарите беа шеговити од типот „Бебињата навистина доаѓале со упатство за употреба“.
Колку некогашните навики на родителите се разликуваат од денешните? И дали сметате дека бебињата навистина треба да се одгледуваат под вака строг распоред?
С. С. | Црнобело