30 работи кои ги преживеав во првата година од мајчинството
16. Син ми не проголта ништо од „тоалетот“ на мачката.
17. Ниту пак проба да стави во уста измет од кучиња.
18. Се помирив со тоа дека веќе никогаш нема да влезам во пола од мојата облека.
19. Се смеев и глумев дека е слатко тоа што син ми беше единственото дете што врескаше од возбуда кога првпат отиде во игротека...
20. Само неколкупати ми се случи во паника да му се јавам на докторот или на интернет да пребарувам „зошто моето дете не лази“, бидејќи не лазеше до 11 месеци.
21. Син ми никогаш не падна од лулка.
22. Син ми изгриза само едно дете.
23. Син ми никогаш не се гушеше или навреме сфаќаше како да го искашла она што го проголтал, пред ситуацијата да стане сериозна.
24. Бевме на плажа и успеав само јас да изгорам, но не и детето.
25. Не ја изгубив работата, иако ми се случи 3 недели да ја планирам првата роденденска забава во работно време.
26. Успеав да не избувнам и да не ги ѕвекнам сите луѓе кои ме прашуваа дали син ми почнал да лази, а не лазеше.
27. Не го удавив маж ми кога ги преспиваше сите врескања на нашиот син во 3 часот наутро.
28. Не го удавив ниту следното утро кога викаше „Детето се будело ноќеска? Ништо не слушнав...“
29. Син ми никогаш не падна од комодата за повивање или од кревет додека му менував пелени.
30. Го прифатив тоа што „виснатите“ гради и седата коса се праведна замена за пресладок син.
М. М. | Црнобело