30 работи кои ги преживеав во првата година од мајчинството
Во првата година новопечените мајки се соочуваат со секакви ситуации - добри и лоши, на кои денес се смеат, но и се горди – во колку од нив ќе се пронајдете?
Џил Сидер е психотерапевтка, писател и мајка на две деца, која ги охрабрува другите мајки и им го олеснува процесот на мајчинство со советите и нејзините искуства.
И таа како мајка се соочувала со нови предизвици исто како и сите останати, па во неколку духовити реченици одлучи да сподели како изгледала првата година од нејзиното мајчинство.
Џил точно знае низ што поминува секоја мајка и тврди дека мајките треба да се почитуваат себеси и да го слават своето постоење.
30 работи кои психотерапевтката ги преживеала во првата година од мајчинството на кои денес е горда:
1. Преживеав 12 часа дневно сама со новороденче и две заспани мачки.
2. Го совладав куцањето на телефон додека дојам, а најголем успех постигнав со куцање во темница.
3. По 3 недели престанав да се грижам за тоа дали мојата брадавица му е позната на секој келнер во локалните кафулиња.
4. Плачев само 5 минути кога заборавив на градите да ставам заштитни перничиња, па млекото ми протече по цела продавница.
5. Син ми не изеде ниту еден предмет кој е толку опасен за да мора да се оди во болница.
6. Научив како да правам детска храна, а да не си го отрујам детето.
7. Не купував секогаш домашна, органска храна и сепак, не го отрув.
8. Заспивав за време на доењето речиси секоја втора вечер и никогаш не ми падна од раце.
9. Ми се измочка во фаца само двапати.
10. Никогаш не му се случи ненадејно да изврши голема нужда додека го бањам.
11. Се помирив со постојаното перење облека и со тоа што оваа активност ми го замени излегувањето со пријателки.
12. Имавме само една епизода со повраќање како од фонтана.
13. Не заборавив дека имам дете и никогаш не ми се случи да го заборавам некаде.
14. Само еднаш ми се случи да носам неусогласен пар чевли на работа.
15. Со сопругот не сме разведени, иако неколкупати размислував за тоа.