Црвени сигнали дека треба да поставите граници во односот со вашата мајка

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-treba-da-postavite-granici-vo-odnosot-so-vashata-majka-03.jpg

Се двоумите пред донесување одлуки

Доколку забележите дека не можете да донесете одлука без мислење од вашата мајка, можеби сте загрижени за нејзината реакција. Ова е уште еден знак дека треба да поставите граница. Воглавно, нормално е да побарате второ мислење од саканите, но не треба нивната реакција да ви предизвикува дополнителна грижа. Ова е ваш живот и вие најдобро знаете што треба да направите.

Повеќе е вклучена во вашиот живот за разлика од другите мајки

Иако не треба да се споредувате, понекогаш споредбата ќе ви помогне да откриете кога нешто не е во ред. Размислете каков е односот на вашите пријатели со нивните мајки. Доколку забележите дека вашата мајка е многу повеќе вклучена во вашиот живот за разлика од мајките на пријателите, можеби е време за промена. И вам ви е потребен личен простор, без разлика дали станува збор за родител, пријател или партнер.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-treba-da-postavite-granici-vo-odnosot-so-vashata-majka-04.jpg

Прави да се чувствувате нервозно

Доколку сте чувствувате неудобно секогаш кога ќе ви се јави или кога треба да ја видите, тогаш нешто не е во ред. Доколку, пак, забележите дека ја лажете за да го избегнете стресот, тоа значи дека нејзините реакции ве прават нервозни. Во овие ситуации слушајте ги вашата интуиција и вашето тело. Доколку дишете забрзано, имате главоболки или чувствувате други непријатни симптоми, можеби вашата мајка е премногу вклучена во вашиот живот.

Постојано сака да ве види

Нормално е да ѝ недостасувате на вашата мајка, но доколку постојано бара да се гледате, треба да поставите нови граници во вашиот однос. Можеби на почетокот нема да ѝ се допадне ова, но објаснете ѝ дека тоа ќе ви го подобри односот. Мајка ви има нејзин, а вие имате ваш живот и нема потреба постојано да бидете заедно.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg