Црвени сигнали дека треба да поставите граници во односот со вашата мајка

Понекогаш може да биде навистина тешко да поставите граници во односот со вашата мајка. Но, важно е да знаете дека ова всушност може да ја подобри вашата врска. Границите што ги поставувате не се ништо себично, туку се еден начин грижа за себе.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-treba-da-postavite-granici-vo-odnosot-so-vashata-majka-02.jpg

Сосема во ред е да ги одбивате нештата што не ви се допаѓаат, а доколку забележите некои од следниве однесувања, размислете дали можеби треба да поставите нови граници со вашата мајка.

Мешање во вашите врски

Сосема нормално е да побарате љубовен совет од вашата мајка. Но, доколку таа влијае врз секоја ваша одлука и постојано ви кажува што треба да правите, време е да преземете нешто. Проблемот е што ова нејзино однесување може да предизвика напнатост во вашите врски, па дури и да им стави крај. Па не плашете се да ѝ кажете кога не ви е потребен нејзиниот совет

Очекува да ги ставите нејзините потреби на прво место

Би требало да сакате да ѝ помагате на вашата мајка, но не на сметка на вашите потреби. Иако ви е мајка, не треба да очекува од вас секогаш да ја ставате на прво место. Најдобриот начин да поставите граница во овој случај е да направите план. Кога мајка ви ќе ви каже што ѝ треба, размислете дали прво имате нешто ваше што треба да го завршите, а дури потоа понудете ѝ помош.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-treba-da-postavite-granici-vo-odnosot-so-vashata-majka-02.jpg

Не прифаќа дека сте се промениле

Понекогаш мајките не сакаат да прифатат дека нивните деца пораснале и се промениле. Па, може да биде вистински проблем доколку мајка ви ве третира како мало дете. Доколку ова ви пречи, не плашете е да ѝ кажете. Смирено објаснете ѝ дека сега сте друга личност и сакате вашиот однос да биде малку поразличен.

Ве бара „во последен момент“

Овие барања можат да ви предизвикаат дополнителен стрес. Овој начин на однесување не само што е себичен, туку ќе направи да се чувствувате виновно доколку не ја исполните желбата на мајка ви. Без разлика што ќе побара од вас, кажете ѝ дека во моментот не можете да сторите ништо и дека ќе ви биде потребно време. Сепак, немате обврска да бидете постојано достапни за неа.

Уште 4 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg