„Мамо каде ми е изводот?“ - работи за кои само мајка ви може да ви помогне
Можеби веќе сте возрасни и не живеете со вашите родители. Но сигурно барем еднаш неделно ѝ се јавувате на вашата мајка за да ја прашате нешто.
Сепак, вашата мајка ви е најдобриот пријател и секогаш ви го мисли најдоброто, а следниве прашања можете да ѝ ги поставите без разлика колку години имате.
Финансиски совети
Без разлика што сте финансиски независни од вашите родители, тоа не значи дека одвреме-навреме не ви е потребен некој совет. Овој совет можете да го добиете од експерт, но секогаш можете да ја прашате и вашата мајка.
Сепак, таа веќе има доста искуство и секогаш ќе ве советува мислејќи ви го најдоброто.
Каде ви се наоѓаат документите и сертификатите
Речиси никој не се сеќава каде му се наоѓа дипломата од средно, па макар и од факултет. Но, мајките изгледа знаат сè.
Покрај овие важни документи и сертификати, вашата мајка најверојатно ги чува и вашите тетратки, цртежи и дневници од детството кои секогаш можат да ве вратат во минатото.
Како да направите ручек
Можеби сте станале експерт за „модерните“ јадења, но сигурно сè уште ви треба малку помош кога сакате да направите нешто традиционално. И во овој случај, од помош ќе ви биде мајчиниот совет.
Без разлика дали сакате да направите сарма, па дури и зимница, вашата мајка може да ве насочи во висинска насока.
Љубовни совети
Доколку не сте сигурни дали вашиот партнер е добар за вас, секогаш советувајте се со вашата мајка. Доколку вие го сакате вашиот партнер, ќе го сака и таа, но за разлика од вас, таа подобро ќе ги согледа неговите недостатоци.
Покрај тоа, таа секогаш ви го посакува најдоброто, па советот што ќе го добиете ќе биде искрен.
Трикови за чистење
Можеби имате секакви средства за чистење, но го немате искуството на вашата мајка. Па, кога ќе го извалкате омилениот фустан или новиот тепих, вашата мајка сигурно ќе знае некој трик за чистење.
Совети за бременост
Доколку планирате да го проширете семејството, најдобриот советник ќе ви биде вашата мајка. Таа нема да ги игнорира вашите стравови и грижи и ќе знае како да ве утеши.
Сепак, и самата била трудница и го поминала истото како и вие.
Заедничко излегување
Доколку не живеете заедно, верувајте дека навистина ѝ недостасувате на вашата мајка. Па, немојте да се двоумите да ја поканите на ручек или кафе. Таа знае дека сте зафатени, па можеби нема да ве праша, но со задоволство ќе ја прифати вашата покана.
Утеха
Вашата мајка е секогаш овде за вас, дури и во вашите најтешки моменти. Па без разлика какви проблеми имате, секогаш можете да побарате утеха кај неа. Покрај тоа, таа сигурно ќе ви даде и некој совет што ќе ви помогне да го решите проблемот.
Спирова С. | Црнобело