Предности и ризици од раѓањето дете по 40-тата
Денес сè почесто луѓето одбираат да станат родители кога се постари. Причините за ова се различни – кариера, лош партнер, желба да се живее сам или, пак, едноставно, неподготвеност. Најважното нешто што треба да го имате на ум е дека ова е само ваш избор.
Сепак, добро е да знаете и кои се предностите и недостатоците доколу се одлучите да станете мајка по 40-тата година од животот.
Предности
Подолг живот
Едно истражување покажало дека жените кои го родиле нивното последно дете до 29-годишна возраст си ги преполовиле шансите да доживеат 95 години. Причината за ова можеби е генетиката.
Доколку репродуктивниот систем на жената е во функција, тогаш можеби има влијание и врз другите процеси на стареењето.
Намален ризик од когнитивни болести
Друго истражување покажало дека бременоста подоцна во животот ги подобрува когнитивните способности на жената во менопаузата. Воглавно, жените кои родиле после 35-тата година имале подобра вербална меморија.
Најверојатно причината се хормоните, односно естрогенот и прогестеронот кои се одговорни за мозочната функција и развојот на мозочното ткиво.
Мудрост и искуство
Со текот на годините собираме повеќе знаење и искуство. Жените во 40-тите се многу потрпеливи кон нивните деца и подобро размислуваат при нивното одгледување.
Обично на оваа возраст жената не останува случајно бремена, туку се подготвувала на тој чекор. Покрај тоа, емоционалната и психичката стабилност се поголеми.
Финансиска стабилност
До 40-тата, повеќето жени имаат изградено кариери. Ова значи и поголема финансиска стабилност. Поради тоа, можат да си дозволат да ја стават кариерата во втор план и повеќе внимание да му обрнат на детето.
Сте имале време да пробате сè
До 40-тата сигурно сте „изживеани“ и сте пробале поголем дел од нештата што сте сакале. Имате многу сеќавања и искуства, сте излегувале, сте патувале и сте живееле за себе.
Кога ќе се роди детето, помали се шансите да се чувствувате незадоволно и неисполнето.
Ризици
Помали шанси за забременување
На 32-годишна возраст, плодноста на жените почнува драстично да се намалува. Бројот на јајце клетки се намалува, а дел од нив воопшто не се плодни. Сепак, денес имате можност да ги замрзнете вашите јајце клетки или да користите клетки од донор.
Поголем ризик од спонтан абортус
После 45-тата година ризикот од спонтан абортус се зголемува за 50%. Промените како намалена хормонална функција, намалена функција на матката и слично можат да ја комплицираат бременоста.
Поголем ризик од остеопороза
Раѓањето дете подоцна во животот го зголемува ризикот од остеопороза кај постарите жени. Според едно истражување, оние кои родиле после 35-тата имале дупло поголеми шанси да ја добијат болеста.
Па доколку останете бремени, обрнете внимание на вашите коски.
Зголемен ризик од предвремено раѓање
Возраста значително ја зголемува веројатноста за предвремено раѓање на детето. Едно истражување покажало дека самата возраст на мајката може да биде причина на тоа.
Ризик од гестациски дијабетес
Овој вид дијабетес е привремен и се јавува поради недоволно количество на инсулин за време на бременоста. Жените над 40 години кои се бремени имаат 74% поголеми шанси да го добијат.
Па, важно е да се тестирате за болеста и да го добиете правилниот третман.
Спирова С. | Црнобело