Пред и потоа: Како мајчинството ја менува жената?

Родителството е можеби најголемата обврска што можете да си ја создадете. Имајќи го ова предвид, фотографката Ваида Размилавиче од Литванија решила да им оддаде почит на мајките со цела фотосесија.

portreti-na-zheni-pred-i-otkako-stanale-majki-01.jpg

Таа направила проект наречен Becoming A Mother (Станување мајка) што има за цел да покаже колку имањето дете може да ја промени жената. Таа фотографирала 33 жени пред и после нивното прво дете, а најмногу се фокусирала на нивните очи.

„За овој проект одбрав едноставен формат, како да правам фотографии за пасош. Сакав да го нагласам погледот на моите модели, отстранувајќи сè друго што би го оттргнало вниманието од него (т.е. стомачето).“

Според Ваида, мајчинството е длабоко искуство исполнето со среќа, болка, замор и љубов. Кога жената станува мајка, Ваида смета дека таа ја чувствува својата внатрешна енергија, дека нејзината интуиција станува посилна и дека нејзината мудрост достигнува нови височини.

И самата Ваида е мајка и ги има поминато овие промени. Како што изјавила, таа го гледала мајчинството сосема поразлично пред да стане мајка. Не го ни почувствувала мајчиниот инстинкт со првото држење на бебето, туку го научила по пат.

Вида изјавила дека идејата за проектот ја добила од луѓето кои сметаат дека имањето дете е како пречка за родителите. Таа сакала да покаже дека може да се живее во хармонија и после имањето бебе, а ова го зборува од искуство - Ваида успеала да магистрира додека одгледувал две два.

Ваида е горда и благодарна на сите нејзини модели. 33-те жени што застанале пред нејзината камера родиле 36 деца, вклучувајќи и 3 пара близнаци. Некои од нив веќе го прославиле нивниот прв роденден.

(Фотографиите лево се пред жените да станат мајки, а фотографиите десно се потоа.)

Извор

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg