Пет тактики за лесно одвикнување од пелени
Летото е совршено време за одвикнување од пелени. Повеќето деца се подготвени да се одвикнат од пелени на возраст помеѓу 18 и 24 месеци. Девојчињата честопати се подготвени да се одвикнат од пелени и порано.
Постојат неколку параметри со кои можете да процените дали вашето дете е подготвено да ги отфрли пелените.
Подготвеност
Прво треба да проверите дали вашето бебе е воопшто подготвено да излезе од пелени. Секогаш започнувајте со охрабрување и поддршка. Ако детето одбие да ги отфрли пелените, вашиот притисок само ќе создаде тензија и ќе предизвика нов отпор.
Ако детето има редовна столица, го имитира вашето однесување во бањата, сигнализира кога има голема нужда, разбира едноставни упатства, не сака да биде во влажна пелена и сл. тоа значи дека е подготвено да ја отфрли пелената.
Одвикнување
За ова ви се потребни трпеливост и упорност. Бидејќи детето полесно може да ги контролира цревата отколку мочниот меур, започнете со голема нужда. Избегнувајте го делот од денот кога бебето спие, кога е гладно или раздразливо.
Не го форсирајте доколку се плаши. Одморете неколку дена и обидете се повторно. Дозволете му на вашето дете да го постави нокширот каде му е најудобно. Тоа не значи дека треба да го стави пред телевизорот или сред соба.
Кога вашето бебе ќе се навикне на нокширот, истиот ставете го во тоалетот.
Страв
Детето може да одбие да седне на нокширот поради страв. Купете нокшир во различна форма, со различни бои и слики. Направете го одењето во тоалет забавно.
Понекогаш помага да му се објасни на детето каде оди сето тоа, затоа можете да му го „покажете“ неговиот „резултат“. Ова ќе му помогне да го поврзе нокширот со резултатот.
Потоа испразнете ја содржината во тоалетот и дозволете му на детето, на пример, да пушти вода.
Хигиенски навики
Погрижете се детето да ги измие рацете секој пат откако ќе седне на нокширот. Претворете ја оваа рутина во нешто забавно. Децата сакаат да се играат со вода, затоа дозволете му да се поигра со водата неколку минути додека ги мие рацете.
Конзистентност
Ако излегувате надвор кажете му на детето да изврши нужда пред да ја напуштите куќата. Кога ќе започнете да го одвикнувате од пелени, вклучете ги сите членови на семејството во тој процес.
Ашера | Црнобело