Брутално искрена мајка: „Мојот 13-годишен син доцни на училиште бидејќи не знае каде му се чорапите“

„На син ми хормоните му маваат во глава, мисли дека светот му должи нешто, одбива да стане од кревет навреме за на училиште, мисли дека Xbox-от е живот...“

brutalno-iskrena-majka-mojot-13-godishen-sin-docni-na-uchilishte-bidejkji-ne-znae-kade-mu-se-chorapite-01.jpg

Мајка од Австралија стана вирален хит со нејзината брутално искрена порака до училиштето со објаснување зошто нејзиниот син доцни на училиште.

Сузан отворено кажува дека причината е мрзеливоста на нејзиниот 13-годишен син.

Нејзината порака гласи:

„Задоцни затоа што тој е зборлесто речиси 14-годишно момче, на кое хормоните му маваат во глава, мисли дека светот му должи нешто, одбива да стане од кревет навреме за на училиште, мисли дека Xbox-от е живот, мрмори наместо да зборува, минува 20 минути во тушот само стоејќи бесцелно, се движи со брзина на полжав и не може да си ги најде чорапите иако му се пред очи.“

brutalno-iskrena-majka-mojot-13-godishen-sin-docni-na-uchilishte-bidejkji-ne-znae-kade-mu-se-chorapite-02.jpg

Многу мајки ширум светот кои имаат синови на таа возраст се согласија со Сузан дека е навистина тешко да ги извлечете од кревет за да одат на училиште.

Дали и вие познавате некој ваков случај?

brutalno-iskrena-majka-mojot-13-godishen-sin-docni-na-uchilishte-bidejkji-ne-znae-kade-mu-se-chorapite-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg