10 опасни родителски навики кои им штетат на децата – ги правите ли и вие?
6. Го споредувате со другите деца
Никогаш не го споредувајте вашето дете со неговите сестри или пријатели. Ниту во добар ниту во лош контекст.
7. Често велите „ти секогаш ...“ или „ти никогаш...“
Ако сакате вашето дете да смени нешто во неговото однесување, седнете и разговарајте за тоа. Помогнете му да најде начин да оди напред, наместо да давате вакви изјави.
8. Премногу се критикувате пред нив
Не е добро децата да пораснат слушајќи ги своите родители како тврдат дека се „дебели“,„стари“, или „некомпетентни “. Децата го апсорбираат однесувањето на родителите.
9. Сакате да бидете пријатели со вашите деца
Мама и тато се мама и тато, и тие никогаш не можат и не треба да бидат најдобри пријатели на своите деца.
Улогите на родителот и на детето мора да бидат јасно дефинирани со цел детето да прерасне во стабилна, ментално здрава, урамнотежена личност.
10. Не им дозволувате на децата да бидат независни
Ако секогаш правите сè наместо детето, ако не му дозволите да стане независен, го запирате природниот емоционален и психолошки развој на детето. На одредена возраст, децата треба да научат да се грижат за себе, а вие треба да ги охрабрите.
Ашера | Црнобело