10 опасни родителски навики кои им штетат на децата – ги правите ли и вие?
Родителите често се однесуваат лошо кон своите деца, без да бидат свесни за своите постапки. Овие опасни модели на однесувања ги прават со најдобра намера, но влијаат лошо на децата.
Ова се неколку грешки што не треба да ги повторувате, бидејќи можат сериозно да го оштетат емотивниот развој на вашето дете.
1. Не разговарате со децата, туку само вие им се обраќате
Токсичните родители не слушаат што им кажуваат нивните деца, туку им кажуваат „како“ и „зошто“ нешто „треба да“ се прави. Ова е многу лоша форма на комуникација. Доколку имате ваков вид на комуникација децата едноставно ќе престанат да ви кажуваат работи.
2. Преовладува негативен став
Ниту едно дете не е секогаш послушно, исто како што ниту еден родител не е совршен. Но голем проблем може да биде негативниот став на родителите. Наместо да мислите дека вашето дете се однесува лошо, размислите зошто се однесува така. Можеби е само уморно?
3. Не ги решавате вашите проблеми
Децата не треба да страдаат заради вашата нервоза или стрес на работа. Понудете му на вашето дете тивка забава, цртање или читање, доколку немате време за нив.
4. Јасно кажувате дека не ви се допаѓаат пријателите на вашето дете
Од детска перспектива, кога ги критикувате нивните пријатели, тоа е како да ги критикувате нив, особено ако се тинејџери.
5. Етикети
Не кажувајте му на детето дека е мрзливо, расипано, себично...Вака децата градат негативен идентитет што може подоцна да им донесе многу болка.
Секогаш обидувајте се да го критикувате однесувањето, а не детето. „Глупаво е она што го направи“ и „како можеш да бидеш толку глупав“ се две различни работи.