„Бременоста ми го уништи телото, ми се деформираше дури и папокот“
Џулиета открива дека не можела да си го препознае телото и дека не била свесна какви промени можела да донесе бременоста.
Џулиета Торес (30) од Њујорк вели дека двете бремености ѝ го „уништиле“ телото. Таа имала растресена кожа и деформиран папок уште по бременоста со првото дете во 2013 година.
Блогерката, која потекнува од Колумбија, вели дека не можела да си го препознае телото и ја загрижувала целата таа вишок кожа.
Ѝ било објаснето дека тоа ѝ е поради одредена медицинска состојба (diastasis recti) и кога веќе не можела да ги поднесе болките и лошиот изглед на стомакот одлучила да оди на „поправка“ на абдоминалните мускули и на отстранување на вишокот кожа.
Џулиета иако направила операција сè уште нема „совршен“ стомак и на него се гледаат стриите од бременоста, но вели дека успеала да го прифати тоа и во миговите кога ќе ја преплават негативни емоции, помислува дека сите жени имаат некаква несигурност околу своето тело.
Таа на својот Инстаграм профил отворено говори за оваа борба и сака да им даде поддршка на сите жени кои по бременоста се соочиле со ваков проблем.
С. С. | Црнобело