Мајка на 5 дечиња со фотка од стомакот покажа како мајчинството го менува женското тело
Диети, ботокс, облека која го крие стомакот, хируршки зафати и корекции... Понекогаш ни се чини дека е невозможно да бидеме задоволни од формата на телото и килограмите кои ги носиме, само затоа што сакаме да се вклопиме во одредени стандарди.
Ако на тоа го додадете мајчинството во животот на жените, ќе сфатите за колкав притисок се работи.
За среќа, постојат храбри мајки како Бренда, кои не се плашат да ја покажат реалната слика за женското тело и дека сепак има поважни работи од тоа да биде идеално.
Бренда е жена од Мексико која пред многу години се преселила во САД.
Денес живее во Охајо и со својот сопруг имаат 5 дечиња.
Кога го родила 5-тото дете се соочила со пост-породилна депресија. Поминале 3 месеци, но никако не можела да си го врати телото во форма. Била незадоволна и несреќна.
Откако излегла од состојбата на негативни емоции насочени кон своето тело, решила да сподели искрени фотки од своето тело по породувањето за да им помогне на жените кои го имаат истиот проблем.
Како изгледа женското тело по 5 родени деца:
М. Д. | Црнобело