Наставниците откриваат: Кои 7 типови на родители најмногу нè нервираат?
-->
Родителот „ќе се обратам кај директорот“, родителот „моето дете не е такво дома, нема шанси да го направило тоа“ се дел од најомразените.
Родителите сè повеќе се мешаат во наставата на нивните деца, а наставниците имаат главоболки поради ова.
-->
Мајки и татковци постојано одат во училиштата да се жалат од начинот на кој се одвива наставата, да даваат критики за односот на наставниците и да даваат сугестии како да се подобри образовниот систем.
Родителите може лесно да им ја претворат во пекол работата на наставниците и тоа не носи добро никому, вклучувајќи го тука и нивното дете.
Наставниците открија кои се најлошите типови на родители:
Родителот хеликоптер – постојано доаѓа во училиштето и сака да ја работи работата на наставникот, дава предлози и реди забелешки.
Родителот „моето дете не може да погреши“ – го брани своето немирно дете и се жали зошто тоа добива поинаков третман од другите.
-->
-->
Родителот што дозволува сè – го разлигавува своето дете и потоа тоа им прави впечаток на другите деца дека не се доволно сакани од своите родители.
-->
Обвинувачки настроениот родител – смета дека наставникот е виновен за недостигот од развој на неговото дете и не работи со детето дома.
Апатичниот родител – не се интересира за животот на детето и не прашува какви му се оцените, како му минал денот, дали има пријатели.
-->
Родителот со став „детето не ми е вакво дома“ – негира дека тоа однесување е можно од детето и не се интересира како тоа се прилагодува кон надворешниот свет.
Родителот „ќе се обратам кај директорот“ – тој не дискутира прво со наставникот, туку веднаш се жали на некое повисоко ниво.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Не си верувате себеси, бегате од одговорност – Знаци дека родителите премногу ве штителе во детствот...
Ако мразите да бидете во центарот на вниманието, ако секогаш дозволувате другите...
„Моите синови 1 месец беа без ТВ, таблети и телефони – Какви промени забележав кај нив?“
„Животот ни стана многу полесен како родители“ – вели овој татко од САД, кој одл...
Искрени исповеди од наставници: „Работи кои сакаме да им ги кажеме на родителите, а не смееме“
„Вашето дете се однесува лошо затоа што првпат се сретнува со граници. Не сум ло...
Ранко Рајовиќ ги разлути родителите: „Штом детето наполни 2 години, заборавете на количката“
„Би возела и кукла во количката, само да не влечкам ќеси“ – му одговори една жен...
„Научете ги децата да не се фалат со нови патики, туку со знаење“ - Српски психијатар со порака за р...
„Наместо да поминуваат што е можно повеќе време со детето, родителите на децата ...
Мали работи што родителите треба да ги прават – на децата им значат многу
Од најважните луѓе во нивниот живот, родителите, децата треба да слушнат дека&nb...